КАФЕ ПАУЗА

Однесувајте се добро спрема старите луѓе

Однесувајте се добро спрема старите луѓе

Автор: Моника ДимитровскаrnrnЗафатени со желбата да созрееме, да се осознаеме самите себеси, не обрнуваме многу внимание на постарите личности кои ни значат во животот. Се фокусираме на тоа да пораснеме не земајќи предвид дека тие стареат секој ден сѐ повеќе. На крајот ќе го напуштат светот и тогаш сфаќаме дека требало повеќе да им обрнуваме внимание додека биле покрај нас.rnrnТоа што можете да го направите или сакате да го кажете денес, не оставајте го за утре – можеби ќе биде предоцна. На вашиот дедо или баба доволно им е да им посветите дел од денот за разговор за да се почувствуваат згрижени и сакани.rnrnИстото важи и за останатите членови од семејството, не заборавајте дека и вашите родители стареат. Посветете си внимание на себе, но секогаш најдете време во денот и за нив. Ако не сте во можност да ги посетите, доволен е еден телефонски разговор кој ќе им го развесели денот.rnrnОднесувајте се добро спрема старите луѓеrnrnДоколку моментално немате идеја како да им покажете на постарите луѓе околу вас дека ви значат, ќе ви помогнеме со неколку совети.rn

Поминувајте време со нив и разговарајте

rnПокажете им дека ви се важни, прашувајте ги дали се чувствуваат добро. Поставувајте им прашања во врска со нивните животи. Нека ви кажат за времето кога тие биле деца, дури и ако сте ги слушнале истите приказни милион пати. Прашајте ги за повеќето авантуристички нешта што ги сториле. Прашајте ги за нивната прва љубов, нивниот прв бакнеж. Кога во нивните животи тие се почувствувале најмногу среќни, најмногу исплашени, најмногу возбудени. Може да ви откријат неверојатни нешта за нив!rnrnСекако постојат и луѓе кои не сакаат да зборуваат за своето минато. Доколку вашите баба, дедо или родители се вакви личности, не притискајте ги. Уживајте во тишината со нив, понекогаш е пријатно кога не чувствувате потреба од разговор во друштво на некои личности. Искористете ги ваквите моменти бидејќи не можете да ги добиете од пријател, партнер или колега. Ако со нив не се трудите да разговарате, овие луѓе ќе си помислат дека нешто не е во ред со вашиот однос, за разлика од луѓето во вашето семејство.rn

Помагајте им

rnДоколку се работи за физичка работа која сакаат да ја завршат, а не можат, понудете се да го направите тоа вие. Или пак, за промена, понудете се вие да го зготвите ручекот. Помислата на тоа дека нивното внуче/дете знае само да се грижи за себе и за своето семејство ќе ги израдува.rn

Отворете го семејниот албум

rnРазгледувањето слики кои будат убави спомени може многу да ги расположи постарите луѓе. Тие за секоја една слика ќе ви раскажат барем една приказна поврзана со неа.rn

Отворете се!

rnНикој не може да ви даде подобар совет од вашето семејство. Доколку имате проблем на работа, факултет, со пријателите или партнерот, обратете им се на вашите баба или дедо, тие ќе бидат среќни што сте побарале помош од нив и сигурно ќе ви го дадат најискрениот совет.rnrnИли доколку сте среќни, едноставно пофалете им се, вашето семејство никогаш нема да биде љубоморно на вашата среќа за разлика од сите други.rn

И за крај, кажете им дека ги сакате!

rnДа, едноставно изговорете ги тие два збора кои значат многу. Прегрнете ги и бакнете ги, тие го заслужуваат тоа.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.