Чизкејк во чаша: Лесен рецепт за летно уживање

Сподели

Најомилениот летен десерт, подготвен на наједноставниот и најбрз начин за кој не треба ни да ја вклучите рерната
Потребни состојки за основата:

rn50 г интегрални бисквитиrn25 г путер, омекнат на собна температураrn

Реклама
Крем:

rn100 г густ јогуртrn50 г тазе крем-сирењеrn75 г слатка павлакаrn1 лажица шеќер во правrn

Прелив:

rn250 г јагодиrn1 лажица шеќерrn1 лажица цеден сок од лимонrn

Начин на подготовка:

rn1. Бисквитите измелете ги и помешајте ги со растопениот путер. Смесата распоредете ја во 3 чаши за десерт и обликувајте ја со помош на заоблениот дел од лажицата. Ставете ги чашите во замрзнувач додека го подготвувате остатокот.

2. Слатката павлака изматете ја со шеќерот во прав додека не постане цврста, јогуртот измешајте го со свежото крем-сирење и додајте ја изматената слатка павлака. Сите состојки нежно измешајте ги додека не се соединат. Кремот додајте го врз подготвената подлога од бисквити и повторно вратете ја во ладилникот на околу 1 час.

3. Во меѓувреме свежите јагоди исечкајте ги на ситно и префрлете ги во тенџерче, додајте ги шеќерот и лимоновиот сок и варете на ниска температура околу 10 минути со константно мешање. Смесата оставете ја да се олади, а потоа додајте ја врз вториот слој од крем во чашите. Вратете ги чашите повторно во ладилникот сѐ додека не ги послужите.rn

Совет:

rnОвошјето во преливот можете да го замените по желба, но со крем-сирење најмногу одговараат киселкасти ситни плодови како вишни, малини, капини и сите видови бобинки.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира