КАФЕ ПАУЗА

Омилениот рецепт за шпагети на Одри Хепберн

(1) omileniot-recept-za-shpageti-na-odri-hepbern

Во една од нејзините биографии, син ѝ ја опишал Одри како „зависник“ од јаглехидрати. Нејзиното омилено јадење било шпагети во сос од домати-“pasta a la pomodoro”, и ги правела секоја недела.rnrn(2) omileniot-recept-za-shpageti-na-odri-hepbernrnrnСтанува збор за традиционален италијански рецепт. Сепак, во секој рецепт постои некое отстапување и ситни измени кои на прв поглед изгледаат како неважни, но сепак имаат големо влијание на вкусот на храната.rn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 1 мала главица кромид, ситно исечкана
  • rn 011

  • 2 чешниња лук, ситно исечкани
  • rn 011

  • 2 моркови, исечкани на коцкички
  • rn 011

  • 2 стебленца целер, ситно исечкани
  • rn 011

  • 2 поголеми излупени домати
  • rn 011

  • 1 рака свеж босилек
  • rn 011

  • 250 грама шпагети
  • rn 011

  • Рендан пармезан и сол по желба
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnВо поголем сад ставете ги кромидот, лукот, морковите, целерот и доматите. Залијте ги со 2 лажици маслиново масло. Земете половина од босилекот и додајте ги листовите во садот. Поклопете го садот и варете ја смесата на умерена температура 45 минути, со повремено мешање.rnrnДодека сосот се крчка, во друг подлабок сад, ставете околу 750 милилитри вода и оставете да зоврие. Во водата додајте ги останатите листови босилек, но ситно исечкани. Во зовриената вода ставете ги шпагетите (посолете по вкус), намалете ја температурата и гответе додека шпагетите не бидат целосно сварени.rnrnКога сосот ќе биде готов, тргнете го од ринглата и оставете го 15 минути на страна. Исцедените шпагети прелијте ги со сосот и на крајот додате пармезан по ваша желба.rnrnПогледнете ги и овие 3 едноставни рецепти за подобро расположение.