Претходно
Домашен сладолед од нане
Домашно освежување за жешките летни денови
Потребни состојки:
- 500 мл слатка павлака
- 250 мл млеко
- 80 грама свежо нане
- 2 големи јајца
- 150 грама шеќер
- 60 грама темно чоколадо, искршено на ситни коцкички
Начин на подготовка:
- Во блендер ставете ги слатката павлака, млекото и нането и мешајте додека нането сосема не се иситни.
- Смесата од блендерот ставете ја во сад на оган, оставете да зоврие и потоа тргнете ја настрана да се излади околу 15 минути. Додадете ги изматените јајца и шеќерот и варете на умерена температура додека смесата не се згусне. Мешајте константно и не дозволувајте смесата да зоврие уште еднаш.
- Потоа смесата ставете ја во сад користејќи цедалка и оставете ја добро да се излади. Потоа останува само уште да го додадете ситно исечканото чоколадо и да го оставите сладоледот во замрзнувач за добро да се стврдне.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.