5 „жешки“ парчиња накит кои мора да ги имате сезонава

5 „жешки“ парчиња накит кои мора да ги имате сезонава

Полека но сигурно ни пристигнува летната сезона – време на модни експерименти, слобода, промени во стилот и имиџот. Затоа не штедете се себеси и испробајте ги овие „жешки“ трендови за оваа сезона.

5 „жешки“ парчиња накит кои мора да ги имате сезонава

1. Накит со знакот на вашиот зодијак

Доста популарни во 70-тите, накитот со зодијачки знаци маестрално се враќа на модната сцена оваа сезона преку колекцијата пролет/лето 2014 на Валентино. За среќа не мора да трошите вртоглави суми на вакви аксесоари бидејќи лесно може да ги најдете по многу пристапни цени.

5 „жешки“ парчиња накит кои мора да ги имате сезонава3-5-zheshki-parchinja-nakit-koi-mora-da-gi-imate-sezonava-www.kafepauza.mk_

2. Големи, впечатливи парчиња накит

Без разлика дали станува збор за ланче, приврзок, обетки или рачен часовник, одберете големи и впечатливи парчиња кои привлекуваат внимание. Ваквите комбинации се одличен спој на женственост, луксуз и елеганција. Внимавајте бидејќи лесно би претерале и би постигнале негативен ефект. Комбинирајте ги во едноставни комбинации со еднобојни парчиња облека и прескокнете го другиот накит кога веќе сте одлучиле вашите обетки на пример, да бидат големи и впечатливи.

2.1 5-zheshki-parchinja-nakit-koi-mora-da-gi-imate-sezonava-www.kafepauza.mk_-kafepauza.mk 2.3 5-zheshki-parchinja-nakit-koi-mora-da-gi-imate-sezonava-www.kafepauza.mk_-kafepauza.mk2.2 5-zheshki-parchinja-nakit-koi-mora-da-gi-imate-sezonava-www.kafepauza.mk_-kafepauza.mk

3. Аксесоари со пердуви

Доколку сакате да постигнете впечатлив и необичен изглед одберете приврзоци или обетки со пердуви. Даваат по малку „племенски“ изглед, но одлични се за многу пригоди и навистина се кул.

3.1 zheshki-parchinja-nakit-koi-mora-da-gi-imate-sezonava-kafepauza.mk5 „жешки“ парчиња накит кои мора да ги имате сезонава 5 „жешки“ парчиња накит кои мора да ги имате сезонава 5 „жешки“ парчиња накит кои мора да ги имате сезонава

4. Златни белегзии и алки

Златната боја е доста популарна веќе извесно време. Одлично изгледа во лето на исончан тен и совршено се вклопува во кежуал, лежерна комбинација. Златните парчиња накит не бараат многу труд бидејќи постигнуваат впечатлив ефект така што помалку се става акцент на облеката или вашата шминка.

4.1-5-zheshki-parchinja-nakit-koi-mora-da-gi-imate-sezonava-www.kafepauza.mk_-kafepauza.mk5 „жешки“ парчиња накит кои мора да ги имате сезонава 5 „жешки“ парчиња накит кои мора да ги имате сезонава

5. Впечатливи обетки во вид на манжетни

Одличен начин да постигнете женствен и елегантен, но пред сè впечатлив изглед без да ги бушите ушите повеќе пати и да носите многу обетки. Ваквиот накит е одличен за секакви пригоди и е навистина уникатен стил кој ја обележува оваа сезона. Одличен е за во лето кога сте послободни да го истражувате и надградувате сопствениот стил. Којзнае, можеби ќе ви станат омилени аксесоари.

5 „жешки“ парчиња накит кои мора да ги имате сезонава5.1 zheshki-parchinja-nakit-koi-mora-da-gi-imate-sezonava-kafepauza.mk 5 „жешки“ парчиња накит кои мора да ги имате сезонава 5 „жешки“ парчиња накит кои мора да ги имате сезонава

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар