Одличен трик за отстранување на дамките од дезодоранс на облеката
Сигурно ви се случило да се облечете за некаде и додека се гледате на огледало пред излегување да забележите дека имате бели дамки од дезодоранс под мишките. Наместо нервозно да се пресоблекувате и да нурнете повторно во плакарот, барајќи соодветна замена за маицата или кошулата која сте ја облекле, применете го овој едноставен трик, кој е ефикасен во отстранување на лошите дамки, а потребен ви е само пар стари хулахопки.
Трик 1: Хулахопки
Замотајте ги хулахопките кои и онака планиравте да ги фрлите и направете ги во вид на сунѓер. Тријте го проблематичното место. Доколку дамката не е тврдокорна, би требало брзо да ја снема. За стари, тврдокорни дамки, може да треба да триете малку подолго, но по некое време и тие ќе исчезнат.
Трик 2: Влажни марамчиња
Како бекап варијанта, во случај кога немате стари хулахопки за фрлање, можете да се послужите и со влажни марамчиња, а доколку ја забележите дамката порано, никако немојте да го пеглате парчето облека, бидејќи тоа само ќе ја влоши ситуацијата и ќе ја направи дамката потешка за отстранување.
Трик 3: Тексас
Дамките од дезодоранс може да се отстранат и со тексас. Затоа старите или омалени тексасни парчиња облека не ги фрлајте, туку исечете ги на парчиња и чувајте ги за кризни ситуации. Трикот исто така функционира со триење на проблематичното место. Но, треба да внимавате, бидејќи некои тексас материјали може да пуштаат, па затоа прво тестирајте на мал дел, за да не ја направите евентуално работата уште пострашна.