Величествени снежни креации
Снежниот фестивал „Сапоро“ е еден од најголемите и најпознатите зимски настани во Јапонија, во кој учество земаат артисти од сите краишта на светот. Оваа година, околу 250 скулптури, направени од тимови кои доаѓаат од Финска, Холандија, Литванија, Тајланд, Хонг Конг, Нов Зеланд и САД, ќе бидат изложени за љубителите сè додека ниските температури го дозволуваат тоа.
Снежните уметнички дела опфаќаат широк спектар на теми, од цртани ликови и јапонски спортски икони до сложени архитектонски подвизи. За создавање на скулптурите биле донесени 6.000 камионски приколки полни со снег.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.