КАФЕ ПАУЗА

Мирување во бременоста: Исполнете го денот на вистинскиот начин

Мирување во бременоста: Исполнете го денот на вистинскиот начин

Written by

in

,

Секоја бремена жена е советувана да мирува, но што доколку не можете да седите на едно место? Можеби на почетокот ќе ви биде тешко, но штом научите добро да го исполните времето, мирувањето во бременоста не мора да биде здодевно. Погледнете ги овие забавни и креативни идеи што ќе ви помогнат да ја „убиете“ досадата.rnrnМирување во бременоста: Исполнете го денот на вистинскиот начинrn

1. Читајте

rnСега е одлично време да ги прочитате сите книги коишто сте планирале. Наместете се удобно, направете шолја чај и уживајте.rn

2. Гледајте филмови

rnДоколку сте работеле напорно пред бременоста, веројатно сте немале време за гледање филмови. Доколку сакате да ги погледнете новите, или да се потсетите на постарите филмски класици, сега имате време и за тоа.rn

3. Направете маникир

rnДоколку не можете да одите во козметички салон, искористете го слободното време и експериментирајте со вашите нокти. Направете си домашен третман за вашите раце, а потоа играјте си со боите, шарите и апликациите за нокти.rn

4. Пишувајте

rnКупете си убава тетратка и фатете се за пишување. Пишувајте што било што ќе ви падне на памет. Можете да пишувате поезија, можете да пишувате раскази, а можете и да им напишете писмо на саканите. Доколку пак, повеќе сакате да пишувате на компјутер, можеби сега е вистинското време да започнете ваш блог.rn

5. Бавете се со уметност

rnДали сте имале некое хоби кое за жал сте го запоставиле поради секојдневните обврски? Сега имате време да му се вратите и да му се посветите. Цртајте, фотографирајте, правете декупаж… која било активност за којашто ви се потребни вашите раце и мозок.rn

6. Направете споменар

rnВеројатно сте сакале да направите споменар, но сте немале време за тоа. Сега можете да направите споменар за вашето бебе во кое ќе ги ставате сите сеќавања пред и после неговото раѓање. Можете да направите и споменар за вас и за вашиот партнер, а во иднина сигурно ќе уживате додека го разгледувате.rn

7. Учете

rnСега имате доволно време да го обновите знаењето од некој странски јазик, или пак, да научите некој сосема нов. Можете да се пријавите и на онлајн курс, или пак да ја замолите вашата баба да ве научи на плетење. Секоја нова вештина е одлична за вас, а на овој начин паметно ќе го искористите слободното време.rnrnПогледнете и како да ја искористите бременоста за напредок во вашата кариера.