36 прашања до посилна врска

36 прашања до посилна врска

Д-р Артур Арон, професор по психологија на универзитетот Стоуни Брук во САД и специјалист по меѓучовечки односи издвојува 36 прашања кои помагаат да се изгради посилна врска. Тој вели дека откако ќе дискутираат за некои од овие прашања, личностите потоа се чувствуваат подобро и сакаат да се видат повторно.

36 прашања до посилна врска

  1. Ако можеш да избереш која било личност на светот, кого би одбрал/а да ти дојде на гости?
  2. Сакаш ли да бидеш славен/на? На кој начин?
  3. Дали размислуваш што точно ќе кажеш пред да се јавиш на телефон? Зошто?
  4. Каков би бил твојот совршен ден?
  5. Кога последен пат пееше сам/а? А на некој друг?
  6. Кога би можел/а да живееш 90 години и во последните 60 да имаш ум или тело на 30-годишник, кој би бил твојот избор?
  7. Дали потајно размислуваш за тоа како ќе умреш?
  8. Наброј 3 нешта кои ви се заеднички со партнерот.
  9. За што си најмногу благодарен/на во животот?
  10. Кога би можел/а да смениш нешто во начинот на кој те воспитувале, што би сменил/а?
  11. Опиши му ја твојата животна приказна на партнерот колку што можеш подетално во 4 минути.
  12. Кога би можел/а да се разбудиш утре со некој нов квалитет или способност, што би било тоа?
  13. Ако кристална топка би можела да ти каже нешто за твоето минато, за твојот живот, за твојата иднина или што било друго, што најмногу би сакал/а да знаеш?
  14. Има ли нешто за кое одамна мечтаеш да го направиш? Зошто сѐ уште не си го направил/а?
  15. Кое е најголемото достигнување во твојот живот?
  16. Што цениш најмногу во пријателството?
  17. Кој е твојот најдраг спомен?
  18. Кој е твојот најужасен спомен?
  19. Кога би знаел/а дека во рок од една година ненадејно ќе умреш, би сменил/а ли нешто во начинот на живот? Зошто?
  20. Што значи пријателството за тебе?
  21. Каква улога имаат љубовта и блискоста во твојот живот?
  22. Со партнерот наизменично кажувајте по една позитивна работа која ја гледате кај него. Кажете си по вкупно 5 работи.
  23. Колку блискост и топлина има во твоето семејство? Дали чувствуваш дека си имал/а посреќно детство од повеќето други деца?
  24. Каков е твојот однос со мајка ти?
  25. Кажи по 3 „ние“ реченици. На пример, „Ние чувствуваме…“
  26. Доврши ја реченицата: „Посакувам да имав некого со кого би делел/а…“
  27. Кажи му го на партнерот она што би сакал/а да го знае кога би биле блиски пријатели со него/неа.
  28. Кажи му на партнерот што ти се допаѓа кај него/неа. Кажувај само работи кои не би му ги кажал/а некому кого си го сретнал/а пред 5 минути.
  29. Со партнерот споделете некој момент од кој се срамите.
  30. Кога последен пат си плачел/а пред некој друг? А сам/а?
  31. Кажи му на партнерот нешто што почнало да ти се допаѓа кај него/неа.
  32. Според тебе, која тема е премногу сериозна за да би се шегувале во врска со тоа?
  33. Ако знаеше дека ќе умреш вечерва без никаква можност да комуницираш со кого било, дали би се каел/а затоа што не си кажал/а некому нешто? Зошто досега не си му/ѝ го кажал/а тоа?
  34. Твојата куќа, и сè што имаш во неа, ја зафатил пожар. Откако си ги спасил/а твоите блиски и домашните миленичиња и имаш една последна можност да спасиш уште нешто, што би било тоа? Зошто?
  35. Од сите членови на твоето семејство, чија смрт најмногу би те вознемирила? Зошто?
  36. Кажи му на партнерот за некој твој личен проблем и побарај совет како тој/таа би се справил со него.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар