Книга: „Моќта на сегашниот миг“ – Екарт Тол

Книга: „Моќта на сегашниот миг“ – Екарт Тол

Колку е моќен сегашниот миг? Дали го слушаме внатрешното „јас“? Дали ја користиме целата сила што ја поседуваме?

Книга: „Моќта на сегашниот миг“ – Екарт ТолОдговорите на овие, а и на многу други прашања ќе ги најдете во книгата, која наликува на еден вид духовен прирачник, на Екарт Тол. Со цел да ни го долови значењето на чувствата, Тол ги претвора во нешто конкретно и како на послужавник ни нуди една нова, свежа филозофија за животот. Таа филозофија ќе ви покаже колку не сте го ценеле сегашниот миг и колку погрешно сте гледале на она што е пред вас, токму сега и овде. Тол ни кажува како да го чуеме и послушаме нашиот внатрешен глас, да стигнеме до с`ржта на нашето постоење, да го ослободиме телото и умот и да го живееме животот со полни гради – најдобро што можеме и најдобро до сега.


Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ


Колку всушност му обрнуваме внимание на сегашниот момент? Многу малку. Нашиот егоистичен ум, кој постојано се преокупира со одново доживување на минатото и планирање на иднината, не ни дозволува да ги вдишеме сите убавини на сегашниот миг. Токму несогледувањето на моќта на сегашниот миг Екарт Тол го посочува како најголема грешка која нè спречува да ја согледаме убавината на животот, па наместо постојано да се навраќаме и планираме да го сториме вистинското нешто – да живееме.

„Најголемиот дел од човечката тага е непотребен. Таа ќе се произведува сама себеси сè додека неконтролираниот ум управува со вашиот живот.“

Книга: „Моќта на сегашниот миг“ – Екарт Тол

Прифатете го сегашниот миг, бидејќи колку повеќе давате отпор кон сегашниот миг толку повеќе пружате отпор кон прифаќање на она што навистина сте и толку повеќе се идентификувате со вашата болка која во големи размери е непотребна.

„Замислете си ја Земјата без луѓе на неа, населена само со растенија и животни. Дали таа и натаму би имала минато и иднина? Дали и натаму би можеле смислено да зборуваме за време? Прашањето „Колку е часот?“ или „Кој ден е денес?“ – кога би имало некој да го постави – би било прилично бесмислено. Дабот и орелот би биле збунети од тоа прашање. „Какво време?“, би прашале тие. „Па се разбира дека е сега. Времето е сегашно. Што постои друго?“

Овој дел од книгата ме наведе да помислам дали недозволувањето внатрешното дете да те напушти е можеби клучот до среќата? Децата немаат чувство за време и место. Тие едноставно му се радуваат на сегашниот миг, на мајчината прегратка, на удобното креветче, на татковиот бакнеж. Тогаш зошто ние не можеме да го сториме истото? Затоа што сме премногу зафатени создавајќи си болка за нешто што минало и не може да се измени, или пак грижи за нешто што допрва доаѓа.

Она што ние го правиме е чекањето – чекањето за подобар момент, подобар свет, подобри можности. Сегашниот миг е благослов и дар. Сегашниот миг е подарок кој треба да го прифатиме и за кој треба да бидеме благодарни. Стремејќи се и очекувајќи ги големите нешта ги прескокнуваме сите мали задоволства кои, верувале или не, го формираат животот.

„Сè се покажува кога е изнесено на светлина и сето она што е изнесено на светлина, и самото станува светлина.“ – Свети Павле.

Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk

За да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 4 јуни 2014.

Добитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.

Наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар