КАФЕ ПАУЗА

4 неочекувани причини поради кои ви пукаат усните

4-neochekuvani-prichini-poradi-koi-vi-pukaat-usnite-kafepauza.mk

Проблемот со испуканите усни не се јавува само во зима, а причината за овој незгоден недостаток на вашето лице се наоѓа таму каде што најмалку очекувате.rnrn4-neochekuvani-prichini-poradi-koi-vi-pukaat-usnite-kafepauza.mkrnrnСлузницата на усните е многу осетливо место кое лесно може да се надразни. Незгодното пецкање, испуканата и сува кожа на која карминот не изгледа добро и неубавото црвенило кое понекогаш се протега и надвор од линиите на усните, се само некои од можните симптоми на иритираната кожа на овој чувствителен дел од лицето.rnrnСо овие совети, ќе можете да ги елиминирате предизвикувачите на овој проблем и да уживате во прекрасните и сочни усни.rn

Зачинета храна

rnВерувале или не, храната е можен предизвикувач на испуканите и болни усни. Ако сакате многу зачинета и лута храна, многу е можно со неа несвесно да ги иритирате усните. Тоа не значи дека треба да се откажете од омилената храна, но после ваков оброк, задолжително е да ги измиете усните и да нанесете балсам кој ќе помогне околу нивната нарушена хидролипидна заштитна бариера.rn

Внатрешна дехидрација

rnДехидрацијата на организмот нема да се забележи толку на кожата, но секако ќе се забележи на слузницата на усните. Решението е многу едноставно: консумирајте доволно количество течности, и тоа најмногу вода. На лето треба да пиете и до еден литар вода повеќе од препорачаните 8 чаши на ден, особено ако сте физички активни.rn

Мат кармините ги сушат усните

rnАко сте личност која сака секојдневно да носи густи мат кармини, можно е во нив да се крие причината поради која вашите усни се суви. Восочната текстура е дизајнирана така за да не се мрда од усните дури ни кога се бакнувате или јадете, но бидете сигурни дека постојаноста на овие формули има и своја лоша страна. Барем два пати неделно обидете се да ги одморите усните од мат формулите со користење на нешто малку покремасто и похидратантно.rn

Проблемот е и во пастите за заби

rnПастите за заби се наменети за темелно миење и дезинфекција на забите, но понекогаш тие се многу агресивни за вашите усни, со кои неминовно имаат контакт за време на миењето. Ако се сомневате дека ова е причината за вашите суви усни, обидете се да ја замените вашата вообичаена паста со таква која не содржи SLS (натриум лаурил сулфат), состојка во производите што служи и за правење пена.