КАФЕ ПАУЗА

4 здрави начини да внесете повеќе чоколадо во исхраната

4 здрави начини да внесете повеќе чоколадо во исхраната

Кога темното чоколадо се зема во умерени количини тоа го регулира крвниот притисок, делува добро на срцето и мозокот и го намалува гладот за благо и солено. Покрај тоа што можете да каснете коцка или две, можете да го консумирате и на уште неколку начини.rnrn4 здрави начини да внесете повеќе чоколадо во исхранатаrn

Додајте го во смуди

rnСтавете малку темно чоколадо во состојките со кои сакате да го спремите вашето смуди. Како замена за темното чоколадо можете да користите и какао.rn

Додајте го во житарки

rnНекои истражувања покажуваат дека оние кои имаат „здрав десерт за појадок“ се помалку склони кон посегнување кон вистински десерти во текот на денот. Затоа не се двоумете дали да додадете малку чоколадо или какао во вашите житарки.rn

Направете чоколадна глазура

rnНе зборуваме за глазура со путер и шеќер, туку едноставна мешавина од темно чоколадо со малку вода. Ваквата глазура можете да ја искористите за да засладите мафини, пуканки или што било друго што ќе ви падне на памет.rn

Додајте го во путер од кикирики

rnЧоколадото оди одлично со путер од кикирики или кој било друг путер од јаткасти плодови. Добра идеја е да направите сендвич со путер од кикирики, чоколадо и банана за вкусен, здрав и хранлив појадок.