Едноставен психолошки трик кој ќе ви помогне веднаш да започнете со физичка активност
Една нова студија открила дека доколку размислувате за последниот пат кога сте вежбале, дури и ако не ви било толку интересно, вие ќе се мотивирате да почнете повторно.
Во ова истражување, кое доаѓа од Универзитетот во Њу Хемпшир, испитаниците биле поделени во 3 групи. Од едната група било побарано да се потсетат на позитивно сеќавање поврзано со вежбањето, од другата на негативно, додека пак третата група, која била контролна, не добила никакви инструкции.
Тие откриле дека оние кои се сетиле на позитивно нешто поврзано со вежбањето имале поголеми шанси повторно да почнат со овој вид физичка активност во иднина. За разлика од оние кои немале никакви инструкции, дури и оние кои се сетиле на нешто негативно во врска во вежбањето биле повеќе мотивирани да започнат повторно.
Со оглед на тоа што оваа студија била скромна, резултатите кои се откриле се едноставно неверојатни. Замислете што сѐ би можеле да постигнете доколку вложите само малку повеќе психолошки труд.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.