Најновата кампања за „Гранд Арома“ незапирливо го освојува целото внимание на потрошувачите и добива бројни признанија од поборниците на одличниот вкус уште во првите недели од емитувањето.
rn rnСоздадена како резултат на внимателното следење и истражувањето на потребите на пазарот, кампањата со слоганот „Освојува“ во целост ја менува комуникацијата која досега била својствена за сегментот турско кафе. Сообразно на тоа, кампањата претставува одговор на потребите на жените за модерен и тренди бренд со којшто можат да се идентификуваат, но чија привлечност е резултат на врвниот квалитет и посветеноста на секој детаљ. Токму „Гранд Арома“ е единственото турско кафе коешто им излегува во пресрет на нивните желби. rn rnВо телевизискиот спот, што е носечки дел на кампањата, ексклузивното појавување на светски познати манекени веќе предизвика големо медиумско внимание. Манекените во акција, се симнаа од жешките модни писти и специјално за потребите на кампањата „Гранд Арома“ ја освоија најшироката јавност со својот шарм.
rn rnОсвен ѕвездите во главните улоги, во новиот спот може да се види кендо, возење со мотор, жешко фотографирање, односно ситуации коишто отстапуваат од оние што се вообичаени за домашните реклами и затоа нивната единственост моментално го привлече вниманието на целните групи и наиде на големо одобрување од страна на оние што ја ценат иновативноста. Телевизискиот спот со својата приказна, атрактивните локации, беспрекорните костими и изглед, како и продукцијата и фотографиите на светско ниво претставуваат перфекција со секој детаљ, токму како и кафето „Гранд Арома“.
rn rnДоволно младо да ги поместува границите во потрага по нешто ново, но и доволно искусно за секогаш да дава непроменет врвен квалитет и уживање во вкусот. „Гранд Арома“, со освежен имиџ, полека, но сигурно освојува нови територии, како и срцата на верните и новите потрошувачи.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

