КАФЕ ПАУЗА

Ладни еспресо коцки со Бејлис

Десерт кој го заслужува вашето време и внимание

rnЛадни еспресо коцки со Бејлисrnrn

Потребни состојки:

rn

    rn011

  • 100 г путер
  • rn011

  • 100 г брашно
  • rn011

  • 2 супени лажици шеќер во прав
  • rn011

  • 6 супени лажици шлаг
  • rn011

  • 15 супени лажици чоколаден чипс (чоколадни топчиња или искршена чоколада)
  • rn011

  • 1 ¾ кафени лажици желатин
  • rn011

  • 2 супени лажици вода
  • rn011

  • 4 ½ кафени лажици еспресо (неподготвено; како замена може да употребите инстант кафе)
  • rn011

  • 50 г кондензирано млеко
  • rn011

  • 3 супени лажици Бејлис
  • rn011

  • 250 г добро изладен шлаг
  • rn011

  • Еспресо зрна (по желба, за декорација)
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnЗагрејте ја рерната на 170 ˚C. Подгответе девет мали калапи за печење обложени со фолија. Во еден сад ставете ги брашното и шеќерот, како и путерот исечкан на коцки и добро промешајте додека смесата не се соедини. Добиената смеса поделете ја во подготвените калапи за печење и оставете да се пече околу 20 минути, додека не добие светло кафеава боја. Потоа оставете ги добро да се оладат.rnrnВо еден сад ставете ја чоколадата. Шлагот стоплете го во микропечка неколку минути, потоа прелејте го врз чоколадата. Оставете да постои 1-2 минути. Добро изматете и ставете го преливот врз испечените коцки. Потоа оставете во фрижидер добро да се оладат и чоколадниот прелив да се стврдне.rnrnЕден поголем сад наполнете го со вода и оставете го настрана. Во помал сад ставете ги двете лажици вода како и желатинот. Оставете да отстои две минути. Потоа додајте ги млекото и кафето. Садот ставете го на загреана рингла и промешувајте околу 2-3 минути, додека смесата не стане хомогена. Тргнете го садот од ринглата и додајте го Бејлисот. Истиот поставете го над садот со ладна вода за да се излади смесата. Оставете смесата добро да се олади, повремено промешувајќи дури да стане густа.rnrnДобро изматете го дополнителниот ладен шлаг и додајте 1/3 во смесата со еспресо. Добро промешајте, па потоа префрлете ја целата смеса. Од оваа смеса ставете врз колачињата, притоа внимавајќи добро да оформите правилни коцки. Оставете го десертот да отстои неколку часа пред да го послужите. За декорација поставете еспресо зрно врз секоја коцка, или декорирајте по ваш избор.rnrnЛадни еспресо коцки со Бејлис
rnrnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.