Најморбидните случаи со месечари

Најморбидните случаи со месечари

Месечарењето е многу сериозна работа, а токму тоа го докажуваат следниве четири неверојатно морбидни случаи.

Жена паднала на пруги

Во октомври, 2013 година, на железничката станица Davis Square во Бостон, некоја жена заспала на клупа. Кога се разбудила, била на пругите. Очигледно, месечарејќи, станала од клупата и се фрлила на пругите. За среќа, била спасена од страна на околните пешаци и поминала само со минорни повреди, бидејќи во тој момент не поминувале возови.

Најморбидните случаи со месечари

Кошмари со истрели од пиштол

На 30 јули, 2013 година еден маж од Њу Хемпшир, САД, се разбудил од кошмар со истрели од пиштол. Кога погледнал надолу, видел дека држи пиштол во раката и дека има рана од куршум пукнат во неговото колено. Во некој дел од ноќта, тој го зграпчил пиштолот и се пукнал самиот себе.

Најморбидните случаи со месечари

Сексомнија

Една среќно мажена жена, честопати месечарела на јавни места и заведувала мажи за секс. Една вечер, нејзиниот маж се разбудил и видел тотален странец во неговиот брачен кревет, како спие до неговата сопруга. Откако се обратиле на помош кај брачен психијатар, терапевтот решил да направи истражувања во сон, за да ја дознае вистината. Звучи неверојатно, но резултатите откриле дека жената патела од сексомнија, состојба во која лицето се впушта во сексуални активности, додека спие.

Најморбидните случаи со месечари

Здивување

Во 1987 година Кен Паркс извозел до куќата на неговите свекор и свекрва, додека спиел. Го задушил неговиот свекор, а потоа ја избодел неговата свекрва до смрт. После убиствата, додека се возел назад накај дома, се разбудил и видел дека е прекриен со крв, па отишол в полиција. Бил на судење и бил прогласен за невин.

Најморбидните случаи со месечари

Во последниве години, се регистрирани над 68 убиства при месечарење ширум светот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар