Ова столче со интересен и креативен дизајн совршено може да се вклопи во секое кафуле. Дизајнирано е од Кореецот Sunhan Kwon, а името („Coffee Chair“) го добива според неговата очигледна форма. Столчето перфектно ги исполнува двата клучни дизајнерски елементи, функционалноста и декоративноста. Задниот дел т.е. потпората за грбот е изработена како силуета на филџан за кафе, на чија рачка можете да ја закачите вашата чанта или пак вашето палто.rnrn
rnrnТоа се произведува во „Bentek Furniture“, фабрика за мебел во Јужна Кореја, а е изработено од дрвен фурнир со европско потекло. Столчињата се со димензии 547 x 470 x 810 милиметри.rnrn
rnrnИнтересно видео за презентација на столчето:rn
rnrn
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
