Верувале или не, вашата машина за миење садови не се чисти сама, а нечистотијата се собира во неа. Звучи неверојатно бидејќи садовите што ги вадите од неа се беспрекорно чисти, а таа не е. Како еден од најчесто користените апарати во вашата кујна, на машината за миење садови веројатно ѝ треба темелно чистење, особено ако никогаш порано не сте го направиле тоа, а можете да ја исчистите во неколку едноставни чекори.rnrn
rn
Проверете го филтерот во машината за миење садови
rnПрвото нешто од коешто треба да започнете е филтерот во вашата машина за миење садови. Повеќето современи машини имаат филтри кои лесно се вадат и се мијат под млаз вода. Тие собираат наслаги на храна и мрснотии и затоа е потребно редовно и темелно да се чистат. Ако садовите не изгледаат доволно чисти кога ќе ги извадите од машината, тоа значи дека филтерот е валкан.rn
Користете таблета за чистење на машината за миење садови
rnПостојат специјално дизајнирани таблети и средства за чистење на машината за миење садови. Овие таблети се вметнуваат во преградата за таблети за миење садови во машината, но тие треба да се користат кога машината е празна. Исто така, кога ќе ставите ваква таблета, треба да почнете со најтоплиот циклус на миење со кој располага машината. Доволно е да користите една таква таблета еднаш во три месеци.rn
Користете сода бикарбона за да ги отстраните непријатните мириси
rnАко се шири непријатен мирис низ просторијата кога ќе ја отворите машината за миење садови, можете да користете сода бикарбона за да ги отстраните сите непријатни мириси. Потребно е да го посипете дното на машината со сода бикарбона и да ја оставите да отстои во текот на ноќта, со вратата малку подотворена. Следното утро, само пуштете ја машината на програмата за брзо плакнење.rn
Оцет за дополнителни сјај и чистота
rnОткако ќе ја исчистите вашата машина од непријатни мириси со помош на сода бикарбона, користете оцет за да ги отстраните сите потенцијални траги од таблетите за миење садови. Една чаша оцет ќе биде доволна за вашата машина за миење садови да блесне однатре.rnrnПрочитајте зошто вашите садови остануваат валкани и по миењето во машината за садови.