На прв поглед, овие навидум апстрактни фотографии се малку тешки за дешифрирање. Но, ако подобро ги погледнете многу брзо ќе почнете да забележувате необични и несекојдневни пејзажи. Направени од страна на рускиот фотограф Андре Емолаев, овие фотографии се дел од неговата фотоколекција на неверојатните вулкански реки во Исланд гледани од малку поинаква перспектива. Тие се толку необични и интересни што дури изгледаат како цртежи.rnrn
rnrnСветлината и сенките, вртливите формации и живите бои во композициите се всушност реки, глечери и јата со птици кои се само мал дел од целосната вулканска сцена. Привлечните сцени ја замаглуваат линијата помеѓу пејзажните фотографии и апстрактните цртежи и токму поради тоа мора да се потрудите за да најдете смисла во нив.rnrn
rn
„Исланд е неверојатна држава. Дури би можел да кажам и дека е рај за оние кои обожаваат фотографирање. Но, она што беше навистина огромно откритие за мене е птичјиот поглед на реките кои течат низ црниот вулкански песок. Овие пејзажи се неверојатна комбинација на бои, линии и шаблони која не може да се опише со зборови,“ вели Емолаев.
rn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.