Како една луда бабичка го прославила 103-от роденден?
Ивилин Котман наполнила 103 години оваа година и решила да го прослави нејзиниот роденден на еден интересен начин: да појде на коцкање во казино, да се нагости во бифе кое ја нуди услугата „изеди колку што можеш“ и се разбира, да си стави тетоважа! Во придружба на нејзините внуци, оваа едновековна жена решила воопшто да не се воздржува. Кога нејзината внука Џенифер објавила на социјалната мрежа Редит дека Евелин е седната покрај рулет масата, докажала дека баба ѝ е повеќе од кул, бидејќи таа ги вложила сите 103 долари на црна боја и добила!
Собирајќи си ја нејзината заработка од казиното, лудава бабичка продолжила со нејзината авантура, одејќи да изеде неколку чинии со храна и на крај завршила на тетовирање. Кога наполнила 100 година ја започнала тетоважата, а сега со помош на тату-артистот Чад Ронило од студиото „Lucky Devil Tattoo“, решила да собере храброст и да ја доврши докрај.
Во однос на тоа дали е здраво и безбедно да се тетовира нa нејзина возраст, Ивилин изјавила дека има добиено одобрување од нејзиниот доктор и дерматолог. Кога станува збор за нејзината комплетна здравствена состојба, може да се каже дека Ивилин е силна колку камион и е во неверојатна форма со оглед на годините. Корисниците на Редит се запрашуваат „Која е нејзината тајна?“, а на тоа Џенифер одговорила дека ако ја прашате баба ѝ, таа ќе одговори едно од овие две нешта: „Месо и компири“ или „YOLO“ (англиска кратенка за „еднаш се живее“).
Откачената баба има одлична смисла за хумор и енергија за живеење на животот. На фановите на Редит им одговорила: „Отсекогаш сум била авантурист, но живеењето до 100-та година од животот навистина те тера целосно да го искористиш својот живот. Поради тоа, правам работи коишто никогаш не сум планирала да ги направам, како што е ставањето тетоважа. Ги обожавам моите смотани внуци.“
И покрај тоа што изгледа како бабата да нема време за пооткачени авантури од овогодишните, сепак нејзината внука ги известила сите на Редит да го прослават и наредниот роденден на нејзината баба, задевајќи ги: „Нека биде тајна, но наредната година одиме во Вегас, на шоуто со машки стриптизери Thunder Down Under.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.