Вие и вашиот поранешен партнер веќе некое време не сте заедно, конечно го надминавте раскинувањето и продолжувате со животот. Но, вашиот поранешен партнер сè уште се појавува во вашите соништа. Дали тоа значи дека сè уште не можете да го преболите бившиот? Сонувањето на поранешниот партнер може да биде навистина вознемирувачко искуство, особено ако веќе сте во нова врска. Прочитајте кои се најчестите објаснувања зошто бившите се појавуваат во вашите соништа, долго време откако веќе не се добредојдени во вашиот живот.rnrn
rn
1. Ако сонувате дека се гледате со поранешниот партнер
rnСамата појава на бившиот во сон може да значи многу работи – некои од нив се многу длабоки, а некои се потполно безопасни. Понекогаш, појавата на бившиот во вашите соништа може да значи дека во реалниот живот наидувате на личност што има слични карактеристики и ви предизвикува исти чувства како вашиот поранешен партнер. Другото значење е дека можеби размислувате за убавите спомени што ги имавте заедно.rn
2. Ако сонувате дека имате односи со поранешниот партнер
rnСексуалните соништа со бившиот честопати се поврзани со вашата воздржаност од започнување нова врска.rn
3. Ако сонувате дека поранешниот партнер ве игнорира
rnСонувате дека вашиот поранешен партнер ве игнорира исто како што го правеше тоа во последните две недели од вашата врска? Вашата потсвест ви кажува дека треба да продолжите понатаму.rn
4. Ако сонувате дека се расправате со поранешниот партнер
rnРасправијата во сон би можела да значи дека нешто или некој во реалниот живот ви буди слични чувства што ги имавте додека бевте во врска со бившиот.rn
5. Ако сонувате дека повторно сте заедно со поранешниот партнер
rnОвој сон не мора да значи дека тајно сакате повторно да бидете заедно со бившиот партнер. Вашиот сон за смирување со поранешниот партнер може да се заснова на копнежот во реалниот живот, но исто така може да биде поттикнат од некоја голема промена во новата врска и од тоа колку многу сте научиле од минатите врски и колку далеку сте стигнале. Ова е причината зошто толку многу невести ги сонуваат поранешните партнери пред својата свадба.rn
6. Ако сонувате дека ви недостасува поранешниот партнер
rnАко сонувате дека сакате да бидете повторно заедно со поранешниот партнер, тоа значи дека сè уште чувствувате нешто за него. Но, тоа може да значи и дека ви недостасува партнер и имате потреба да се чувствувате посакувано.rn
7. Ако сонувате дека му недостасувате на поранешниот партнер
rnАко сонувате дека му недостасувате на бившиот, тоа може да значи дека ви недостасува некој аспект од вашата поранешна врска. Но, понекогаш тоа може да значи дека едноставно продолживте со вашиот живот.rn
8. Ако сонувате дека поранешниот партнер ви дава совети
rnЗошто личноста што ве остави се појавува во вашите соништа и ви дава совети за вашиот сегашен партнер? Тоа значи дека вашата потсвест ви кажува дека не треба да ги повторувате истите грешки што сте ги направиле со таа личност.rn
9. Ако сонувате некој поранешен партнер од тинејџерските години
rnАко сонувате некој бивш од детството или од средношколскиот период, тоа може да значи дека сакате да ги вратите возбудата, слободата и виталноста на младоста во вашата сегашна врска или во целокупниот живот.rn
10. Ако сонувате дека ја гледате новата партнерка на поранешниот партнер
rnАко ја сонувате сегашната партнерка на вашиот поранешен партнер, тоа може да значи дека се споредувате себеси со бившиот. Бидејќи соништата честопати доаѓаат од проблеми што ве преокупираат додека сте будни, тоа може да значи дека се обидувате да се помирите со чувствата што ги имате кон поранешниот партнер.rn
11. Ако сонувате дека го гледате семејството на поранешниот партнер
rnМајка на бившиот која се појавува во вашите соништа може да значи дека сè уште имате некои „нерешени проблеми“ со вашата поранешна љубов.rn
12. Ако сонувате дека поранешниот партнер е болен
rnАко сонувате дека се грижите за бившиот додека е болен или ако сонувате дека го посетувате додека е во болница, тоа значи дека сè уште се справувате со раскинувањето.rn
13. Ако сонувате дека поранешниот партнер умира
rnАко сонувате дека умира личност што ја познавате, тоа може да биде навистина застрашувачко, а ако сонувате дека умира личност со којашто некогаш сте биле многу блиски, дури и ако не сакате никогаш повторно да разговарате со неа, тоа може да биде уште полошо. Сонот за смртта на поранешниот партнер може да предизвика да чувствувате вина во текот на следниот ден.rnrnНо, не грижете се бидејќи ваквиот сон може да значи дека сте го оставиле минатото зад себе и дека сте подготвени целосно да ѝ се посветите на новата врска. Овој сон не значи дека би сакале вашиот поранешен партнер да умре, иако можеби сте го кажале тоа кога сте биле многу лути.rnrnПрочитајте дали еротските соништа со друг маж се предупредувачки знак.