Автор: Марија ПетрескаrnrnАко сакате да внесете свежина во вашите забави и да ги изненадите пријателите, вистинско решение за тоа се желе шотовите. Нивната подготовка е еден од најкреативните и најоригиналните начини за служење алкохол за време на вашата забава.
Начинот на приготвување е лесен и едноставен, исто како приготвување обично желе, но со додавање на вашиот најомилен алкохолен пијалак.rnrnПотребни состојки:rn
- rn011
- 1 пакетче желатин по избор
- 1 шолја врела вода
- 1 шолја алкохол по избор (вотка, текила, рум или друг алкохолен пијалак)
rn011
rn011
rn
rnНачин на подготовка: Ставете го прашокот од желатинот во врелата вода и мешајте со лажица сè додека не се растопи целосно. Потоа додадете го алкохолниот пијалак, промешајте и овој напиток е спремен за сервирање.
За сервирањето потребни ви се пластични чаши кои претходно ќе ги напрскате со масло во спреј, но доколку немате, само премачкајте ги со салфетка, претходно малку натопена во сончогледово масло. Ова е паметен начин да не ризикувате вашето желе да се залепи на пластичните чаши, а сепак воопшто нема да се насетува вкусот од претходно намачканото масло.rnrnКога чашите ќе бидат спремни, наполнете ги со приготвениот пијалак и ставете ги да отстојат во фрижидер 2-4 часа.rnrnДоколку сакате да експериментирате, пијалакот може да го приготвите во најразлични бои во зависност од желатинот кој ќе го користите.
И за крај уживајте, но и конзумирајте одговорно. 🙂
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
