КАФЕ ПАУЗА

Дали дневните весници се неопходни?

Дали дневните весници се неопходни?

Автор: АнаrnrnДа, можеби ви е чудна тематиката на денешнава колумна, но прашањето е сосема реално во денешницава, земајќи ги предвид интернетот и глобалната дигитализација на сè што не опкружува.rnrnНе велам дека е лошо што сè што ќе посакаме го имаме на интернет, баш напротив, но до каде е стигнато излегувањето на традиционалните дневни весници, печатениот медиум? Исто така, не велам и дека ги снемува од „класичниот свет“ на добивање на информации, но сепак, до каде се стигнати? Кој е нивниот број на ранг листата, во однос на секојдневната дистрибуција на вести?Дали дневните весници се неопходни?Ова е сигурно чудно прашање за оние кои поголемиот дел од животот го имаат поминато купувајќи ги дневните весници, но што се случува со оние кои имаат развиено навика за стандардно вклучување на својот компјутер, наместо „прошетката“ до најблиската трафика и купување на тогашните информации?rnrnНа крајот на краиштата, и самите компании имаат направено веб-сајтови за своите весници, одат напред со развојот на технологијата. Се прашувам дали тоа им помогнало или сосема спротивното? Колку класичниот весник и неговата традиционална форма на продажба се актуелни? Дали се само навика која луѓето ја имаат или пак потреба? Колкав процент од народот ги купува весниците, а колкав ги чита во дигитална форма? На која страна ќе застане иднината? Дали можеби долговековниот начин на добивање на дневните вести пропаѓа?rnrnНе знам. Но, го знам следново… Знам дека голем број од луѓето немаат огромна желба да дадат пари (иако малку) за вести од кои, повеќето не ги засегаат. Да не се разбереме погрешно, не велам дека е лошо да се добиваат плус информации, секоја информација е од некаква помош, полза… Но, зошто луѓето да дадат пари кога истото го имаат за себе само со еден клик?rnrnИнтернет-информациите секако можеме да ги добиеме во различни форми и секоја информација, надградена со нова. Постоењето на дата-базите ни овозможува секојдневен пристап до каква било информација и да посакаме. Реалноста е дека оние кои „остануваат“ на печатениот весник, се сепак повозрасни, „постари“… Во едно истражување прочитав дека само 18% од младата популација кај нас чита весници…rnrnИма и една друга тематика поврзана со весниците… Многу компании, на некој начин, зависат од нивното печатење, од нивното постоење. Како? Најголемата циркулација на рекламите кои ги изнесуваат компаниите за своите производи, одат токму преку печатениот медиум, весникот. Сепак, веб-изданијата не практикуваат рекламни простори како што тоа го има во нивната печатена варијанта…rnrnЌе ја споменам и појавата на tablet-от, кој претставува транзиција од потребата податокот да се има физички во рацете и брзината на ширење на податоците. Со ова се задоволуваат повозрасните кои се врзани за оваа потреба, но дополнително им се дава можноста да ја следат технологијата под свои услови. Секако, помладите се дел од технолошкиот напредок, што кажува дека се далеку пофлексибилни на каква било технолошка новост која излегува во нивната околина и начин на живеење. Значи tablet-от е уште една замена за весниците која тие треба да ја издржат.rnrnДа прокоментирам и за ТВ и радио вестите… Секојдневно ни ги даваат истите информации како и весниците. Единствената разлика е во тоа што, барем според мене, печатениот весник и таквиот начин на добивање информации има поголема длабочина и „интима“.rnrnСè на сè, печатените весници, барем според моето мислење, ја губат својата „светлина“. Можеби биле неопходни за „нормалниот човек“ и неговото секојдневие, но сепак клучниот збор во оваа реченица е „биле“.rnrnДо следно читање,rnrnВи посакувам убав ден,rnrnСо љубов насликана од срце,rnrnАна