Овој неодолив пар е во брак неверојатни 61 година, а сега конечно овие симпатични баба и дедо, имаат фотографии за спомен каков што заслужуваат. Како специјален празничен подарок, организаторката на настани која е и нивна внука, Лорен Велс, решила да им создаде навистина убави фотографии по повод нивната годишнина. Според неа, овие двајца никогаш ги немаат извадено венчалните прстени од раце, секогаш биле најдобри пријатели и имаат само една фотографија од нивната свадба, бидејќи нивниот најмен фотограф, ги извисил.rnrn
rnrnВлечејќи инспирација од анимираниот филм на Пиксар „Up“, Лорен со помош на тим од повеќе луѓе, го создала овој уникатен подарок. Лорен смета дека добиените фотографии носат со себе вистинска магија и таа едвај чека да ги види лицата на среќниот пар, кога тие првпат ќе ги видат, на божиќната вечер.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.