Забавите се неизбежен дел од празничната еуфорија и доколку не можете да се одлучите што да облечете, разгледајте ги следните неколку шик фустанчиња во кои сигурно ќе изгледате прекрасно.rn
Кариран фустан
rn
rnrnКарираниот дезен е често запоставен за вакви поводи, бидејќи се смета за премногу обичен и соодветен за дневни комбинации. Но, тоа не мора да биде така. Можете да одберете лежерно карирано фустанче со впечатливи штикли или пак да најдете некое со пософистициран и елегантен крој.rn
Црн фустан
rn
rnrnЦрното никогаш не излегува од мода. Црниот едноставен фустан со соодветен накит и штикли е одличен избор за празничните забави. За посекси изглед одберете црн фустан со долги ракави или црн фустан со проѕирни делови, изработени со точки.rn
Цветен фустан
rn
rnrnСигурно си мислите дека цветните фустани се носат само на пролет, но не мора да значи. Потемните цветни нијанси, искомбинирани со хулахопки и чизми во темна боја се супер избор за празничните забави. Нетипично, но многу уникатно и шик.rn
Металик фустан
rn
rnrnНавистина смел и тренди избор за забавите што следат. Доколку сте размислувале за ваква опција, не се двоумете и дозволете си мала доза на ексцентричност.rn
Светкав фустан
rn
rnrnСветкавите фустани се прва асоцијација на празничните забави. Всушност, тие се одличен избор и за најлудата ноќ. Со нив никогаш нема да погрешите.rn
Пастелен фустан
rn
rnrnВаквите фустани не се честа глетка, но се совршени за празничните забави. Топлите бои се соблазниви, софистицирани и шик, какви што дефинитивно треба да бидете на вакви пригоди. Вака ќе се издвоите од толпата и ќе инспирирате со својот изглед.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.