Кауч кој се лула и овозможува врвна релаксација во природа
Овој иновативен кауч, осмислен од страна на францускиот дизајнер Даниел Пузе за компанијата за мебел „Dedon’s Island Resort“, е одлична и удобна крошна која благодарение на добриот систем, може да се користи како кауч кој се лула. Совршен за да виси на терасата, да се постави на верандата, па дури и да се користи внатре во куќата, уникатниот концепт создава впечаток како да лебдите во воздух, што го прави фантастично парче мебел за излежување и релаксација.
Дизајнот е сочинет од алуминиумска рамка прекриена со ткаенина, масичка чиј горен дел се ротира за 180 степени и специјално изработени јажиња. Кога е нареден со перници, овој едноставен кауч изгледа како неодоливо спокојно место за дремка. Доаѓа во комплет со опционална завеса, која создава сенка и ви овозможува приватност, но истовремено низ неа можете да гледате кон надвор. Идеален е за одмор, нели?! 🙂
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.