КАФЕ ПАУЗА

Неверојатна куќа во Малибу: Домот од соништа за девојчиња што сакале барбики

По повод 60-годишнината од изработката на првата барбика, Airbnb за прв пат ја издаваат репликата на нејзината совршена куќа во Малибу.rnrnrnrnВие таму можете да го истражувате импресивниот гардеробер на барбиките во неодоливи розови нијанси, да гледате филмови во нивната приватна кино сала, да се бањате во бесконечниот базен и да се дружите во незаборавната тераса под ѕвездите.rnrnrnrnКуќата на барбиките исто така е опремена и со спортски терени, со соба за медитација, како и со целосно опремена кујна за гастрономско уживање.rnrn rnrnНа гостите во куќата ќе им се придружат и пријателите на барбиките, како учителката по мечување – Ибтихај Мухамед по која е направена првата барбика со хиџаб, фризерката за славните Џен Аткин, како и готвачката Џина Кларк-Хем која ќе одржува наптревар во готвење.rnrn rnrnБи го посетиле ова место? Во меѓувреме, прочитајте и за првата барбиката со неутрален пол.