Ријана е секси психијатарка на Еминем во спотот за „The Monster“

Ријана е секси психијатарка на Еминем во спотот за „The Monster“

Песната „The Monster“ во моментов е број 1 на листата на Billboard Hot 100 синглови, а е дел од осмиот албум на Еминем, наречен „The Marshall Mathers LP 2“. Сега таа доби и свој мрачен видеозапис. Ријана глуми псијихатарка на Еминем, улога во којашто исто така успева да привлече внимание. Кој би рекол дека кежуал бизнис изгледот може да изгледа толку жешко?

Во спотот има и ретроспектива од најзначајните моменти во кариерата на познатиот рапер, кој се обидува да излезе од сопствената психолошка замка. Насилството, славата и зависноста од наркотици, ги репрезентира внатрешните „чудовишта“ на Слим Шејди, а целта којашто сака да ја постигне е ментално созревање.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар