Највкусната глина што некогаш сте ја виделе

Највкусната глина што некогаш сте ја виделе

Ahlam Alnajdi е 30-годишна саудиска фотографка и артистка, која стана интернет-сензација со нејзините неверојатни скулптури од глина, кои личат на неодоливо вкусна храна. Таа создава минијатурни, реалистични скулптури од глина, ги фотографира, а потоа ги објавува на нејзиниот профил на Инстаграм.

Највкусната глина што некогаш сте ја виделе Највкусната глина што некогаш сте ја виделе Највкусната глина што некогаш сте ја виделе

Пред неколку недели, оваа жена се здобила со бројка од 1 милион следачи, со што станала најследената Саудијка, надминувајќи го и познатиот пејач и судија на арапскиот „Идол“ Ahlam Al Shamsi. Таа и ги обележува големите бројки на следачи со глинена храна, на овој начин.

Највкусната глина што некогаш сте ја виделе

Саудијците се всушност многу тренди луѓе кога станува збор за социјалните мрежи. Едно истражување открило дека овие луѓе се најактивните корисници на Твитер во целиот свет. Како што истакнува Би-Би-СИ, социјалните мрежи можат да бидат излез за жените од Саудиска Арабија кои живеат ограничен јавен живот, како резултат на забраната за возење за жени и други рестриктивни закони.

Највкусната глина што некогаш сте ја виделе

Инаку Ahlam објавува фотографии од многу брендови, но таа вели дека тие не ја плаќаат, а тоа го прави бидејќи тие се сеприсутни и популарни. Сепак, таа профитира од нејзината работа. Има напишано две книги за нејзината уметност, од кои вели дека создава пристоен приход. Таа сега има и свој мал тим од артисти кои ги има најмено за да ѝ помагаат да ги создаде и фотографира скулптурите.

Највкусната глина што некогаш сте ја виделе

„Мислам дека мојата работа докажува дека со малку амбиција и упорност, возможно е една млада жена од Саудиска Арабија да изгради успешен бизнис. Луѓето се гордеат со мене и мислам дека сум добар пример за една Арапка која успева да допре до луѓето ширум светот, преку нејзината работа.“ – објаснува таа



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Јасмина Reply

    Мх мх мх ако се од глина пак би ги изела 😀

  2. Анонимен Reply

    @Ahlamalnajdi e instagramot a ne toj shto go imate staveno

Остави коментар