КАФЕ ПАУЗА

За танго се потребни двајца

Written by

in

„Во тангото телата мора да создадат поле со спротивни набои. Раката мора да биде цврста но не и да турка. Нозете се во контакт, но не смеат меѓусебно да се ограничуваат, ниту да си пречат во движењата…“rnrnКнигата чии последни неколку страници ги завртев пред некој ден, ме поттикна да размислувам на мошне интересна тема. Нели тангото е како љубовните врски? Сите сме ја чуле онаа реченица: „Танцот е вертикално изразување на хоризонталните желби.“ И тоа е добро кажано.rnrnЗа танго се потребни двајцаrnrnМоите мисли ме одведоа до таму што дури по гледањето куп клипови на интернет, пробав да го изиграм сама. Едно време знаев, земав часови по танц. Па претпоставувам проблемот е или во тоа што поминало доста време откако последен пат сум го играла, или пак бидејќи играв сама?rnrnЗаклучив дека тангото не само што наликува, туку и на некој начин претставува цела дефиниција за љубовта. Прво, мора да танцуваш со повеќе партнери дур не најдеш таков со кого чекорите просто ќе ти одат лесно како вода и со кого ќе почувствуваш дека сте родени да танцувате заедно. Вие двајца ќе бидете навидум спротивни но ќе научите да си давате простор. И баш кога ќе ви се причини дека партнерот ќе ви се излизга од рака, тој ќе ве повлече кон себе. При несогласувања ќе мора да научите да балансирате и да си давате рамнотежа.rnrnЗа да се танцува, како и за да се љуби, мора да најдете партнер кој ќе ве разбира, ќе знае да ви ги прочита мислите и емоциите преку движењата, да ви го наслушне пулсот на срцето и да ве придржи за да не паднете. Тангото зрачи со сензуалност, две навидум спротивни енергии толку блиску една до друга. Неговата мажественост и нејзината женственост. И кога ќе се спојат настанува вистинска експлозија. Телесен и љубовен дијалог. На секое движење другата страна ќе одговори соодветно. Ѝ пркоси на математика. Тоа се двајца кои стануваат една целина. Тоа е танго. И доста се преокупирате да му ја најдете смислата, само танцувајте.rnrnНајважно од сè, танцот, како и љубовта, не е теорија туку пракса.rnrnЕлиrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.