Одлучно кликам „Close“ и ми се чини дека ако изгледам уште една романтична комедија каде просто сè е толку совршено има да врескам. Не за нешто друго туку јас си го сакам животот со сите убавини, но и несовршености. А како капак на сè не се само филмовите туку и книгите. Ми се чини како најдобрите пријатели полека да почнуваат да ме разочаруваат. Зборувам дури и за книги чии автори некогаш ме воодушевувале.rnrn
rnrnБајроновиот херој просто го има речиси во секое парче од модерната литература а да не зборувам за филмовите. Тој е висок, згоден, неопходен, така совршен и прекрасен, и секако, со полни џебови. Толку сексапилен што на жените им се тресат колената пред него, а по можност крие по некоја мрачна тајна за да биде поинтересен, и е вистински „бед бој“. Ја здогледува неа и се вљубува, и само неа ја сака. Таа може да го врти околу малото прсте, сè прави за неа, таа го сменува и веќе не е женкар. Нема очи за другите жени.rnrnОф.rnrnДосега барем девојката беше не-толку-совршена. Знаете, трапава, изгубена, „филмски несовршена“. Сега и нејзиниот карактер го градат како да е цвеќе за мирисање. И тоа ме нервира. Ајде јас можам да разберам дека тоа е така само во романите. Мајка ми отсекогаш ми велела, не плаши се од страшните филмови, тие се само куп измислици за некој да си го наполни џебот. Јас велам, не верувајте во романтичните комедии, тие се само куп измислици за некој да си го наполни џебот. Што се случи со книгите и филмовите каде дечкото ја воодушевуваше девојката на точак со ружа скината од двор, ја носеше на сладолед па играа и танцуваа до зори?rnrnСега почнувам добро да се преиспитувам пред да одберам која книга ќе ѝ ја предложам на мојата помала сестра или братучетка. Нејќам да се стремат кон „ловење“ на лошо момче кое ќе биде „добар само спрема нив“, кој ќе им свирнува од својата црна „мечка“, ќе ги чека со букет цвеќе секоја вечер, и ќе ги изнесува во луксузен ресторан. Во реалноста, таквите се обично ловци на спонзоруши, а феноменот „лошо момче“ е чиста измислица. Всушност вистинскиот назив е „невоспитано магаре“.rnrnКога ќе излезам на кафе и ги гледам средношколците кои палат цигара по цигара мислејќи дека така се поголеми фаци (притоа несвесни дека им мафта стентот за срце негде од далеку и им вели ‘се гледаме за дваесетина години’), сфаќам колку погрешна претстава имаат девојките за „господин господин совршен“ кој треба да наликува на лош дечко. Додека „материјалот“ за сериозна врска и брак, мирно чека да дојде неговото време.rnrnДечкото треба да ве сака, цени, вреднува, почитува. Да ве забавува, засмејува, да биде искрен со вас. Па дури и тоа да биде во обична кола, точак, со една ружа и во сендвичара. Оти ако на 20 години тој вози некое џипиште (без разлика колку пари имаат неговите), тоа не е негово, и тој никогаш нема да знае вистински да ги вреднува работите.rnrnИзвинете ако не се согласуваме, ама многу порадо би живеела во реалноста и би уживала со некој несовршен исто како мене.rnrnЕлиrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.