КАФЕ ПАУЗА

Откритие што ќе ве остави без зборови: Човечкиот мозок може да создава структури во 11 димензии

Невролозите користеле софистицирана математика за да ја истражат структурата на нашиот мозок. Она што го откриле е дека нашиот мозок содржи повеќе димензионални геометриски структури и простори, односно дека тој може да функционира во 11 димензии.rnrnchovechkiot-mozok-mozhe-da-sozdava-strukturi-vo-11-dimenzii-kafepauza.mkrnrnНие сме навикнати на 3-те димензии, но ова неодамнешно истражување можеби ќе го промени начинот на кој ја гледаме реалноста. Алгебарската топологија се користи за да истражува разни „дупки“ во структурите, а научниците велат дека има голема примена во разбирањето на нашиот мозок.rn

„Го откривме она што не го ни замислувавме. Постојат десетици милиони од овие структури во 7 димензии. Во некои мрежи откривме структури и во 11 димензии“, изјавил Хенри Макрам, еден од научниците кој работел на проектот.

rnНие едноставно не можеме да ги сфатиме овие комплицирани структури бидејќи нашето разбирање за светот е во 4 димензии, односно во 3-те просторни и времето. Иако не можеме да ги замислиме, математиката може да ги објасни овие врски.rn

„Алгебарската топологија е како телескоп и микроскоп во исто време. Може да ги доближи мрежите за да пронајде скриени структури – дрвјата во шумата, но и да го види празниот простор помеѓу нив“, изјавила математичарката Кетрин Хес.

rn

Броеви и врски

rnЧовечкиот мозок има околу 86 милијарди неврони, со по неколку врски во секоја насока. Ова ја создава мрежата која нè прави способни да размислуваме и да бидеме свесни. За математичките тестови научниците ја користеле првата дигитална копија од делот на мозокот кој е одговорен за чувствата и свеста.rn

Виртуелни песочни замоци

rnВо ова истражување неколку тестови биле направени на виртуелен мозок, а неколку на вистински. Истражувачите откриле дека нивниот виртуелен мозок создал организиран систем градејќи кула во неколку димензии.rn

„Активноста на мозокот наликува на повеќе димензионален песочен замок кој се материјализира од песокот, а потоа се распаѓа.“

rnШто добиваме од овој пронајдок? Милијарди и милијарди неврони, две научни полиња и само почетокот на откривање на работите кои ги изучуваме.rnrnДали знаевте дека нашиот мозок има предиспозиција да им помага на другите?