КАФЕ ПАУЗА

Најдобриот совет за хомофобичните родители

Најдобриот совет за хомофобичните родители

Ејми Дикинсон пишува колумни за Вашингтон Пост во кои дава совети за проблемите за кои ѝ се обраќаат нејзините читатели. Неодамна таа добила писмо од мајка која била загрижена дека нејзиниот 17-годишен син нема да престане да биде геј и дека се плаши од потсмевот што ќе го добие од црквата во којашто оди. Дополнително, таа смета дека тоа е само инатење од негова страна за да ѝ врати на мајка си што го заборавала неговиот роденден во последните 3 години. Во своја одбрана таа додала дека има густ работен распоред.rnrn

Најдобриот совет за хомофобичните родители
Ејми Дикинсон
rnrn rnНејзиниот одговор следува во целост:rnrnДРАГА ИЗНЕВЕРЕНА: Можеш да му одржиш важна лекција на твојот син, така што ќе ја смениш својата сексуалност и ќе му покажеш колку е тоа лесно. Обиди се да биде така околу една година. Престани да си хетеросексуална за да му покажеш на синот дека сексуалната ориентација на една личност е прашање на избор – избор кој го диктира родителот, двајцата родители, црквата и притисокот од општеството.rnrnПретпоставувам дека мојот предлог ќе предизвика реакција кај тебе и би рекла дека твојата сексуалност е во основата на она што си. Истото важи и за твојот син. Тој има право да биде прифатен од своите родители токму таков каков што е.rnrnКога ќе го заборавиш роденденот на твоето дете, исто како да го негираш како личност. Исто како да велиш дека си го заборавила неговото постоење на овој свет. Тоа е многу тажно за него.rnrnДа го тераш син ти да ја промени својата сексуалност е погрешно. Ако не можеш да научиш да го прифатиш, можеби е најбезбедно за него да си замине на друго место.rnrnГрупа која може да ти помогне тебе и на твоето семејство за да научите како да живеете со ова е Pflag.org. Оваа организација е основана за родители, семејства, пријатели и блиски на ЛГБТ-луѓе и им има помогнато на неброени семејства да го пребродат предизвикот. Те молам, обрати се до нивното локално членство.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.