Како може да се добие бесплатен билет за метро во Русија?

Сподели

На 7 февруари 2014 година во Сочи, Русија ќе започнат Зимските олимписки игри, а по тој повод Русите смислиле одлична кампања за промоција на големиот спортски настан и стекнување на здрави животни навики. Имено, Рускиот олимписки комитет во една метро станица во Москва поставил машина за билети, која наместо пари од луѓето бара да направат 30 сквотови (чучњеви).

Реклама

Застанувате пред машината, почнувате да ги правите сквотовите, таа одбројува, а на крајот добивате бесплатен билет. Машината ќе биде таму еден месец.rn
rn

„Сакавме да покажеме дека Олимписките игри не се само интернационален натпревар кој луѓето го гледаат на телевизија, туку дека сите треба да се вклучат живејќи спортски живот.“ – вели Александар Жуков, претседателот на Рускиот олимписки комитет.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира