Лавот ќе го освои убава и драматична жена, додека на машките Ваги им е најбитна искреноста. Помошта околу заведувањето на некој маж ви доаѓа од неговиот хороскопски знак, кој открива по каква жена копнее тој. Прочитајте како изгледа неговата г-ца совршена.rnrn
rn
Овен
rnМашките родени во знакот Овен најмногу ги привлекуваат самостојни, храбри и спонтани жени, кои знаат што сакаат. Тие ги почитуваат оние припаднички на понежниот пол кои ја покажуваат својата духовна сила. Овие мажи сакаат предизвици и уживаат кога ги заведува жена полна со самодоверба, која ќе му се противи таман колку за да биде уште поинтересна.rn
Бик
rnБикот сака жени кои се слатки, мирни и пријатни и кои обожаваат милувања и бакнежи. Преферираат жени кои се лежерни и цврсто газат на земја, но не и онакви кои се премногу самостојни и енергични.rn
Близнаци
rnМажите родени во знакот Близнаци ги привлекуваат жени кои се паметни, но и мистериозни. Може да ги привлече и некоја жена која не е премногу убава, но е духовита и интересна, бидејќи тоа се особини кои Близнаците ги ценат повеќе од надворешната убавина.rn
Рак
rnРаковите ги привлекуваат жени кои се спремни да бидат крај него секогаш кога му се потребни и ќе му покажат грижа. Жената којашто ќе го пази и гали овој маж и ќе направи тој да се почувствува сакано, многу брзо ќе добие место во неговиот дом, бидејќи сака крај себе да има дама, која ќе биде одлична и сочувствителна сопруга.rn
Лав
rnЛавот сака жена со која ќе може да се гордее, жена која ќе направи тој да изгледа добро во очите на другите, само затоа што се шета крај него. Прекрасни, драматични, префинети и резервирани жени ќе го уловат вниманието на овој хороскопски знак.rn
Девица
rnДевицата секогаш прво ќе забележи некоја дотерана жена, облечена во конзервативен стил. Овие мажи се многу пребирливи и не сакаат ништо помалку од совршеност, поради што многу често се сами.rn
Вага
rnМажите родени во знакот Вага ги привлекуваат жени кои имаат стил, но кои не се премногу формални кога нема потреба да бидат. Таа може да биде малку префинета, но не смее да биде надмена. Исто така смее да биде пребирлива, но не премногу. Дамата која ќе го привлече овој знак може да има доста контрадикторни особини, но сè додека е искрена во своите намери и нема скриени тајни, нему му е ОК.rn
Скорпија
rnЖените кои ги привлекуваат емотивно нестабилните машки Скорпии, мораат да бидат многу витални и страсни. Тие сакаат динамични и силни жени, кои не се неодлучни и апатични.rn
Стрелец
rnМашките Стрелци сакаат жени кои се чесни, директни и горди, а кои истовремено можат да им бидат пријатели. Тие сакаат жени кои можат во еден момент да се однесуваат како дете, а во следен да зборуваат за сериозни работи. Жените кои се постојано среќни и задоволни, засекогаш ќе останат во нивното срце.rn
Јарец
rnМажите родени во знакот Јарец ги привлекуваат жени кои се прифатени од околината и донекаде формални и резервирани. За нив, идеални девојки се оние кои имаат поставено високи цели во животот и кои се трудат да ги остварат.rn
Водолија
rnМажите родени во овој знак ги привлекуваат жени кои се интелигентни, самостојни, со слободен дух и кои знаат да направат добар муабет. Мистериозноста и неконвенционалноста ги фасцинираат, а претераната емоционалност ги одбива.rn
Риби
rnМажите родени во знакот Риби сакаат жени кои се романтични, емотивни, чувствителни и страсни. Ако таа е мистериозна или способна да направи тој да се чувствува сигурно, лесно може да стане вистинската личност за него.
