КАФЕ ПАУЗА

Вистинските локации од цртаните на Волт Дизни

Вистинските локации од цртаните на Волт Дизни

Автор: Ема ЈакимовскаrnrnСите сме ги гледале цртаните филмови на Дизни и секој од нас си има свој омилен. Снежана, Аладин, или кој и да е друг, сигурно ќе се израдувате кога ќе дознаете дека многу од локациите во нив, всушност и реално постојат. За вас издвојуваме некои од најинтересните.rn
rn

1. Дамата и Скитникот (1955)

rnЛокацијата на филмот е делумно инспирирана од родното место на Волт Дизни, Марселин, Мизури.Вистинските локации од цртаните на Волт Дизниrn

2. Заспаната убавица (1959)

rnДали се сеќавате на убавиот замок од овој цртан филм во кој сите мечтаевме да живееме? Тоа е замокот Нојшванштајн во Баварија, Германија. Датира од 19-от век и бил изграден по наредба на Лудвиг II од Баварија, во чест на композиторот Рихард Вагнер.Вистинските локации од цртаните на Волт Дизниrn

3. Робин Худ (1973)

rnЕден од најзабавните цртани филмови на Дизни. Пределите во кои Робин Худ крадеше од богатите за да им даде на сиромавите, се инспирирани од шумата Шервуд, во Нотингхемшајр, Англија.Вистинските локации од цртаните на Волт Дизниrn

4. Покахонтас (1995)

rnПаралелите не се однесуваат само на локацијата. Покахонтас е вистински лик од американската историја. Родена во Матоака, а подоцна позната како Ребека Ролф, Покахонтас била Индијанка од Вирџинија, позната по случувањата во колонијата Џејмстаун, Вирџинија.Вистинските локации од цртаните на Волт Дизниrn

5. Квазимодо (1996)

rnИзлишно е да се коментира дека катедралата Нотр Дам во Париз, е инспирацијата за овој цртан филм. Катедралата, изградена во 1345-та година, е најдобар пример за француската готска архитектура.Вистинските локации од цртаните на Волт Дизниrn

6. Барајќи го Немо (2003)

rnВо „Барајќи го Немо“, блокбастерот на Дизни и Пиксар за малата морска рипка, очигледно е дека локациите над вода, веднаш потсетуваат на Сиднеј, Австралија.Вистинските локации од цртаните на Волт Дизниrn

7. Аладин (2009)

rnПалатата на Аладин е инспирирана од Таџ Махал, Агра. Таџ Махал е бело, мермерно светилиште, во Агра, Утар Прадеш, Индија. Освојувачот Мугал Шах Јахан го изградил во чест на својата трета жена.Вистинските локации од цртаните на Волт Дизниrn

8. До небото (2009)

rnАнгелските водопади во Канаима, Венецуела, се инспирацијата за Рајските водопади на Пиксар во овој цртан филм. Едно од најубавите места во светот, разбирливо, стана рај во цртаниот филм.Вистинските локации од цртаните на Волт Дизниrn

9. Заплеткано (2010)

rnОвој цртан филм е инспириран од убавата локација Мон Сен Мишел, во Нормандија. Тоа е тврдина, која од осмиот век па наваму, е локација на манастирот од каде и го добила името.Вистинските локации од цртаните на Волт Дизни
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.