КАФЕ ПАУЗА

12 знаци што ќе ви покажат дека со него ве очекува ерупција од страст

12 знаци што ќе ви покажат дека со него ве очекува ерупција од страст

Покрај особините како што се искреност, лојалност и добрина, девојките очекуваат од нивните партнери да бидат и страсни. Ниту една успешна врска не може да опстои без доволно страст. Доколку се прашувате дали мажот со којшто се гледате е доволно страстен, ова се 12-те знаци што ќе ви помогнат да дознаете…rnrn12 знаци што ќе ви покажат дека со него ве очекува ерупција од страстrn

1. Сака да експериментира со храна

rnМажите што сакаат да јадат, нема лесно да се заситат ниту помеѓу чаршавите. Знаете како велат: „Патот до женскиот оргазам е преку неговиот стомак.“ Така беше изреката?!rn

2. Секогаш остава бакшиш

rnАко е великодушен во ресторанот, ќе биде великодушен и во креветот. Секако дека ова не е пресудно, но страста на повеќето мажи навистина можете да ја процените според големината на бакшишот.rn

3. Ве прашува за мислење и навистина ве слуша

rnАко се грижи за вашите желби и мислења, тоа нема да се промени ниту во спалната соба ниту во која било друга просторија во домот.rn

4. Знае да танцува

rnМомците кои знаат да го следат ритамот на подиумот за танцување, одлично го прават истото и во кревет.rn

5. Често ве допира

rnАко едвај успевате да го натерате да ве фати за рака, можете да заборавите на авантурите од половината па надоле.rn

6. Флексибилен е

rnТука не се мисли на физичка флексибилност, туку на тоа дека не се држи слепо за неговите навики и ставови. За добар секс потребно е многу импровизација. Сите луѓе се различни и сакаат да прават различни работи во кревет. Не ви треба робот чиј систем ќе падне во истиот момент кога ќе пробате нешто што не е зачувано во неговата програма. Сакате дечко кој ќе биде спонтан и ќе им се препушти на текот на работите.rnrn12 знаци што ќе ви покажат дека со него ве очекува ерупција од страстrn

7. Сака сладолед од чоколадо

rnЧоколадото е еден од најголемите афродизијаци, така што ова тврдење има некаква логика.rn

8. Сака да вежба

rnКолку повеќе вежба толку поголема ќе биде неговата издржливост. Тоа значи дека ќе може да ја заврши работата на најдобриот можен начин. Ниту топлината ниту уморот нема да застанат помеѓу овој фраер и вашиот оргазам.rn

9. Ги почитува сите жени

rnНе вреди да си го губите времето со мажи кои се однесуваат лошо со жените. Ако вашиот партнер има одличен однос со неговата мајка, сестра и има пријателки кои го обожуваат, тогаш може да бидете сигурни дека ве очекува вистинска ерупција од страст.rn

10. Обожува да ве гледа

rnТој секогаш ве набљудува занесено. Ако јадете пица како никогаш да не сте виделе храна, а тој ве гледа како да сте најзгодната манекенка на светот, истиот ентузијазам најверојатно ќе го пренесе и во креветот.rn

11. Не се фали

rnМомците кои обожуваат да разговараат за нивните сексуални подвизи, најчесто немаат што да понудат. Можеби ви звучи иронично, но мажите кои се фалат со нивните сексуални искуства, обично се оние кои во креветот ќе ве одведат до едно големо, експлозивно… разочарување.rn

12. Одлично мириса

rnКога се работи за привлечноста, сетилото за мирис игра огромна улога. Ако никогаш не ви е доста од неговиот мирис, тоа значи дека не можете да го дочекате моментот кога ќе бидете сами за да можете да му се „фрлите“ како што им се „фрлате“ на чоколадните торти за време на ПМС.rnrnДоколку сте подолго време заедно со вашиот партнер и чувствувате дека вашиот однос „заладил“, прочитајте ги следниве 15 совети за враќање на шармот и страста во врската.