Лесно сварлив, но квалитетен филмrnrn
Режија: Нет Факсон, Џим РашrnrnУлоги: Лијам Џејмс, Стив Карел, Тони Колет, Сем РоквелrnrnВреметраење: 103 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 26 јули 2013rnrnЖанр: драма, комедијаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn
rnrn„Беше еднаш едно лето“ е еден од оние симпатични филмови од независна продукција кои не припаѓаат на групата спектакуларни блокабастери, туку кои пленат со својата едноставност и искреност во прикажувањето на секојдневните проблеми и начинот на кој луѓето се справуваат со нив. Доколку веќе сте го гледале „Малата Мис Саншајн“ (Little Miss Sunshine) овој филм може да ве потсети на него. Во центарот на приказната е сместено едно просечно американско семејство кое се соочува со свои предизвици и некако постојано е на работ да ја изгуби контролата врз нив.
А во него како колатерална штета е претставен Данкан (Лијам Џејмс), 14-годишен тинејџер кој нема убав социјален живот благодарение на својата повлеченост.rnrn
Трент: Данкан! На скала од 1 до 10, како би се оценил?rnrnДанкан: 6!rnrnТрент: Јас мислам дека си 3. Откако почнав да се гледам со мајка ти не те гледам многу да излегуваш, пријателе. Пробај да ја поправиш таа оценка летово во мојата куќа на плажа“.
rnОди подграбевно, покажува недостаток на самодоверба секогаш кога има можност, тешко разговара со девојките, а со другите и не е заинтересиран да зборува. Кога со мајка му, нејзиното момче и ќерката на момчето на мајка му ќе оди на одмор во куќата покрај плажа на неговиот нов очув, кај него не се забележува некој голем мотив да го живее животот сè додека не го сретне Овен, човек кој е вработен во аква парк. Тој е ликот кој на збунетиот тинејџер ќе му даде работа, а потоа и голем елан во справувањето со проблемите.
Животот на Данкан не е единствениот кој авторите го користат за да го покажат она што сакаат да го покажат. Малиот Питер, кој има страбизам на очите и неговата невротична мајка која го тера да го покрива окото, попустливата мајка на Тимоти и односот со нејзиното арогантно момче, како и уште неколку интересни ликови кои овде се додадени се делови од еден мозаик кој ја дава вистинската слика.
Нека не ве залажува тоа што филмот жанровски е определен и како комедија, затоа што нема баш да ве насмее. Ваквата жанровска определба се должи само на цинизмот и суровата искреност кои на моменти за некого може да изгледаат смешно. Сценариото е неговиот најголем адут, а кадрите исполнети со сонце се уште еден фактор кој го прават привлечен за повеќето гледачи. „Беше еднаш едно лето“ е филм кој би требало да го гледате кога ќе ви се гледа нешто лесно сварливо, но во исто време со добра и квалитетна содржина.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
