КАФЕ ПАУЗА

Домашно чоколадно фонду

Домашно чоколадно фонду

Не знаете што е чоколадно фонду? Тоа е онаа вкусна, чоколадна смеса во која се натопуваат парчиња јагоди, банани и слични овошја на стапче. Неодоливо искуство за кое ќе ви треба кратко време и малку мака. Еве како да го направите овој десерт.rnrnДомашно чоколадно фондуrn

Потребни состојки (основни):

rn

    rn011

  • 200 мл слатка павлака
  • rn011

  • 350 г рендано чоколадо
  • rn

rnЗа почеток, кога се прави чоколадно фонду, од огромна важност е чоколадото да биде високо квалитетно, со поголем процент на какао. Ваш е изборот дали ќе користите бело или црно чоколадо.rnrnВо тенџере ставете ја слатката павлака и оставете ја да се загрее на умерена температура, околу 2-3 минути. Тргнете ја павлаката од оган и со неа потурете го чоколадото кое веќе го имате изрендано во друг сад. Оставете го чоколадото 3 минути за да омекне. Растопете го со мешање. Треба да добиете хомогена смеса, позната како „ганаж“. Ова е основната смеса за фонду, но секогаш има место за нешто плус.rn

Додатоци

rnОна што најмногу оди со чоколадното фонду е секако алкохолот. Може да додадете рум, бренди, амарето, или ликер, особено млечен или со вкус на кафе. Ако пак сакате појак вкус, може да додадете малку црвено вино.rnrnНо, за да не ви се слоши од многу алкохол, може да искористите и други додатоци, како мед, кокосово млеко или пак чили.rn

За крај…

rnКога смесата ќе биде готова, преостанува уште една работа. Со виљушка набодете некоја јаготка, парче банана или што и да најдете при рака во кујната, и што е можно побргу почнете да уживате во вашето лично направено фонду.rnrnОвој десерт е толку лесен да се подготви и не одзема воопшто време. Па, што чекате? Веднаш направете го и уживајте со најблиските!rnrnДомашно чоколадно фондуrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.