Не можат сите парови да си дозволат дијамантски прстен, но овој Јапонец успеал да направи една многу уникатна варијанта. Своите стари нокти ги сомелел, ги стопил и направил прстен од нив.rnrn
rnrnНаместо да фрлаат пари, некои парови одлучуваат да купат поевтини прстени или да ги направат од предмети кои имаат сентиментална вредност за нив. И додека многу луѓе немаат проблем со тоа да бидат запросени со прстен кој не е посебно злато или сребро, сепак постојат материјали од кои многумина се зачудуваат, како оној направен од човечки нокти.rnrnЕден маж од Јапонија цела година ги чувал остатоците од своите исечени нокти за потоа тој материјал да го претвори во „дијамантски“ прстен.rnrnВсушност, тој има свој канал на Јутјуб каде што прави видеа за изработка на предмети. За ова видео, тој собирал нокти 365 дена и ја снимил постапката за нивното претворање во накит.rnrnСобраните нокти ги сомелел во блендер, а потоа уште еднаш во посебна мелница за да добие форма на прав. Потоа тој прав го ставил во тава со вода и ја мешал на загреана плоча. Откако ја добил посакуваната смеса, ја ставил во печка. Од печката излегла смеса која наликувала на темна глина. Потоа таа смеса ја ставил во калап во форма на дијамант, а потоа ја ставил во сребрен прстен.rnrnГотовиот производ бил прстен со црн камен. На прв поглед ретко кој може воопшто и да претпостави од што е направен тој прстен.rnrnСекако, за некои ова делува одвратно, но е дефинитивно чудно и необично. Погледнете го целиот процес во видеото.rnrnhttps://youtu.be/JKi85QNr7zornrnДоколку не ви се допадна овој метод, но барате необичен веренички прстен, погледнете ги овие 7 нетрадиционални скапоцени камења за веренички прстени.
Необична приказна: Ги сечел ноктите цела година и од нив направил веренички прстен
