КАФЕ ПАУЗА

Како да ја надминете есенската депресија?

Како да ја надминете есенската депресија?

Written by

in

,

Можеби есента ве асоцира на дождови и збогување со летото, но не мора да биде така. Ова се неколку одлични начини да ја надминете депресијата во есен.rnrnКако да ја надминете есенската депресија?rnrnМенувањето на годишното време нè поттикнува да размислуваме за новите почетоци и нè прави креативни. Новата сезона е секогаш добар начин да внесете промена во вашето секојдневие. Тогаш зошто да не се фокусирате на позитивните страни на ова годишно време?rn

Декорирајте го домот

rnСамо неколку мали декорации или разместување на мебелот навистина ќе внесат промена во вашиот дом. Внесете „есенско“ расположение во домот или канцеларијата. Клучните елементи на ваквата декорација би биле топлите бои од есенската палета. Доволни се мали промени, нова ѕидна слика, нови тапети, рамки за слики, шолји за кафе и сл. Есенската промена нека се почувствува и во вашиот двор или градина. Есенските цветови ќе ја разбијат монотонијата на тмурното време.rnrnКако да ја надминете есенската депресија?rn

Во допир со природата

rnЕсента е вистинска прилика да избегате од цивилизацијата и да дојдете во допир со природата. Одете на излет, кампување, организирајте семеен собир и уживајте во есенските пејзажи. Во таквата пригода ќе имате можност да формирате своја есенска колекција, собирајќи пожолтени лисја или есенски плодови.rnrnКако да ја надминете есенската депресија?rn

Бидете креативни

rnКога би направиле забава со тикви ако не во есен? Соберете ги семејството и пријателите и започнете натпревар за најубав цртеж во тиква. Ќе ја поттикнете креативноста и натпреварувачкиот дух како никогаш досега. Во тиквите лесно се гравираат најразлични форми. Којзнае, можеби ќе откриете вистински талент кај себе или кај некој друг.rnrnКако да ја надминете есенската депресија?rn

Есен во вашиот плакар

rnНова сезона, нови модели и креации. Време е есенската гардероба да си го заземе своето место во вашиот плакар. Искористете го слободното време за шопинг и за изработка на нови парчиња облека или накит од старите искористени работи.rnrnКако да ја надминете есенската депресија?rn

Викенд-прибежиште

rnЕсента и дождливото време се навистина романтична пригода. Време е да бидете романтични како никогаш претходно. Предложете му на вашиот/та љубен/а да заминете на викенд надвор од местото на живеење. Можеби некое планинско село вистински ќе ја разгори љубовта кон природата и секако, вашата љубов еден за друг.rnrnКако да ја надминете есенската депресија?rn

Промена

rnДонесете цврста одлука за која порано сте немале храброст, соберете сила за некаква промена во вашиот живот. Можеби ново работно место, аплицирање за некој курс, промена на местото на живеење, промена во начинот на работа, нов проект… Имате безброј опции. Есента е сталожено годишно време, погодно за свеж почеток.