Мајките влијаат на градењето на нашата личност цел живот. Некогаш ни изгледало како да биле премногу строги или лоши, но во суштина, тоа било дел од процесот на учење и подготовка за нашето впуштање во вистинскиот свет. Ова се неколку битни работи на кои нè научиле нашите мајки, дури и кога ние не сме биле свесни за тоа.rnrn
rnrn1. Мајките нè учат за РЕЛИГИЈАТА.rn
Пример: Подобро моли му се на Бога ако остане дамка на тепихот.
rn2. Мајките нè учат на ЛОГИКА.rn
Пример: Затоа што така реков, ете зошто.
rn3. Мајките нè учат на УШТЕ ПОВЕЌЕ ЛОГИКА.rn
Пример: Ако паднеш од лулашката и си го скршиш вратот, нема одење по нова играчка.
rn4. Мајките нè учат на ИРОНИЈА.rn
Пример: Продолжи да плачеш, па тек тогаш ќе ти дадам причина.
rn5. Мајките нè учат за ВРЕМЕТО.rn
Пример: Собата ти личи како да поминало торнадо низ неа.
rn6. Мајките нè учат на ИСЧЕКУВАЊЕ.rn
Пример: Само чекај да стигнеме дома, па ќе видиш.
rn7. Мајките нè учат МЕДИЦИНА.rn
Пример: Ако не престанеш да си ги чешаш очите, ќе ти се залепат и ќе ти останат така.
rn8. Мајките нè учат на ХУМОР.rn
Пример: Пентари се по дрвото, ама кога ќе си ги испокршиш нозете не ми доаѓај плачејќи.
rn9. Мајките нè учат што е ПРАВДА.rn
Пример: Еден ден и ти ќе имаш деца, и ќе видиш како ќе ти биде кога ќе ти прават вака.
rn10. Мајките нè учат на МУДРОСТ.rn
Пример: Кога ќе дојдеш на мои години ќе сфатиш.
rn11. Мајките нè учат за нашите КОРЕНИ.rn
Пример: Затвори ја вратата. Не сме се родиле на чамец.
rn12. Мајките нè учат за ГЕНЕТИКАТА.rn
Пример: Ист си како татко ти.
rn13. Мајките нè учат како да станеме ВОЗРАСНИ.rn
Пример: Ако не изедеш сè што ти е во чинијата, нема да пораснеш.
rn14. Мајките нè учат како да ПРИМАМЕ НЕШТА.rn
Пример: Ќе си го добиеш кога ќе стигнеме дома.
rn15. Мајките нè учат на ИЗДРЖЛИВОСТ.rn
Пример: Седи таму, да не си мрднал додека не ја испразниш чинијата.
rn16. Мајките нè учат да бидеме ЖИЛАВИ.rn
Пример: Види што си направил позади на маицата!
rn17. Мајките нè учат дека треба ДА СЕ ЦЕНИ ДОБРО ЗАВРШЕНАТА РАБОТА.rn
Пример: Деца, ако сакате да се испоубиете, во ред, само одете си во соба. Тука само што раскренав.
rn18. Мајките нè учат за ВСЕЛЕНАТА.rn
Пример: Исправи се и јади. Инаку, има да те зашамарам, на Марс да те пратам.
rnЕпа ете, мајките всушност нè научиле на многу повеќе нешта одошто сме мислеле. Фала мамо. :)rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
