КАФЕ ПАУЗА

Насмевки, танцување и многу прегратки на новогодишниот магичен концерт во Веро центар

Позитивен новогодишен дух, насмевки на лицата на посетителите, многу прегратки и танцување, беше атмосферата која можеше да се забележи во саботата во Веро центар додека траеше новогодишниот концерт. Детски хор во кој членовите беа облечени како ангелчиња, придружувани од нивни повозрасни другарчиња и музичари, ги воодушевија присутните посетители на Веро центар со изведбите на најпопуларните новогодишни композиции.rnrnnasmevki-tancuvanje-i-mnogu-pregratki-na-novogodishniot-magichen-koncert-vo-vero-centarrnrnОколу два часа низ преполниот Веро центар одекнуваше пријатна музика која дополнително го подигна празничното расположение. Популарните „We wish you a Marry Christmas“, „Jingle bells“, „Feliz navidad“, „Last Christmas“ беа мал дел од композициите кои беа на репертоарот. Музичарите и нивните прекрасни изведби измамија насмевки кај присутните, а многумина и танцуваа за време на концертот. Новогодишната музичка магија беше подарок од менаџментот на компанијата „Веропулос“ за лојалните потрошувачи со цел да се заокружи празничниот амбиент во Веро центар во кој посетителите уживаа цел месец.rnrnОрганизирањето различни настани за целото семејство во Веро Центар во празничниот период изминативе години прерасна во традиција со која менаџментот на компанијата „Веропулос“ им овозможува на посетителите покрај квалитетното шопинг искуство, да поминат и забавно време со најблиските.rnrnПогледнете ја атмосферата на магичниот новогодишниот концерт во Веро центар…rnrnhttps://www.youtube.com/watch?feature=youtu.be&v=jbM9fBGmc-Y&app=desktop