Маскирана убавина

Маскирана убавина

Видете вака, секој физички недостаток може да го прикриете или „поправите“, така што веќе ми е тотално без врска кога ќе слушнам како некој се жали дека има голем/и нос/уши, или мали гради, или дека нема голем газ, итн, итн. Најновото што го чув е тоа дека може да си купите задник! Со сигурност ќе поминете поевтино отколку кога би оделе под нож. Цената на еден таков „задник“ е околу 1000 денари ми се чини, и всушност станува збор за сунѓер кој од вашиот газ како штица ќе направи задница од која боли глава. Плус, сигурно има и други придобивки, секогаш ќе ти е меко и удобно и ќе се движиш како Џенифер Лопез.
Маскирана убавинаИ како би одела таа работа мене стварно не ми е јасно. На пример, се дотеруваш уби Боже, изгледаш стварно топ, завршуваш со некој тип, стигнуваш до некаква интимна фаза, и му велиш стоп, само момент. Се прикрадуваш до тоалет, си го симнуваш „задникот“, вадиш чорапи од градникот и целосно ја убиваш првичната слика која си ја создала за себе. Како прво привлекуваш сосема погрешни типови, на пример манијаци кои се палат на подуени облини (кои ти во суштина ги немаш), или едноставно тип чиј вкус за женски вклучува голем задник, а ти не располагаш со тој „ресурс“. ОК, облините се ин, разбирам, и најчесто секој ги има (обично на ФБ или под фустан), ама да се разбереме, не сме сите исто скроени. Негде Господ давал повеќе, негде помалку и така оди таа работа.

Ние во денешно време можеме да скриеме буквално каков било физички недостаток… Мислиш дека не си убава – се шминкаш, сакаш побел тен – користиш посветла пудра, сакаш темен тен – одиш на солариум, сакаш долги нокти или коса – ставаш надградба, сакаш поголеми гради – ставаш силикони (или чорапи дури не собереш доволно пари), сакаш поголем газ – го средуваш хируршки или си купуваш сунѓерче кое ќе ти заврши работа. И сето тоа упорно ме потсетува на еден стар добар хит од Пинк, Stupid girls. Само како да се маскира недостатокот на здрав разум?

Најлошо е кога ќе си ја маскираш својата природна убавина. Толку сме опседнати со тоа глупаво совршенство што дури сме смешни. Навистина мислиш дека ќе ја срушиш секоја бариера во животот ако имаш убиствено тело? Нели е тоа на некој начин продавање на сопственото тело? И ќе се буниш после дека мажите те гледале само како парче месо…

Во денешно време, кога секој гледа што повеќе да се „маскира“, дали си ги маскираме и љубовта и чувствата? И покрај тоа што сè е така „маскирано“, нели, на крајот на краиштата, поентата е да најдеш некој кој буквално ќе го обожува твоето битие без ни трошка „потпора“ и помош од модерната технологија или најновите изуми? Некој кој ќе те гледа со истиот жар во очите дури и тогаш кога забите ќе почнат да ти паѓаат, косата да ти белее, а кожата да ти се збрчкува?

Или можеби цел живот ќе живееш со чорапи во градникот?

Ели

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Весна Пирузева Петровска Reply

    * Коментарот е модериран

    За жал во ова врема во кое сега живееме нај нормално е некако се да се маскира .Време во кое моралните норми кои од век и веков постоеле и врз чии основи опстанувал човекот низ милениумите,си го изгубиле својот трон.Тој морален кодекс сега многу често се фрла во кал се гази и притоа без грижа на совест толку софистицирано му се става ат маски што и Леонардо Да Винчи би позавидел на таквата умешност за менување бои или пак Молиер за иронијата што искри од секој изговорен збор на оној кој во својата самозаљубеност,нарцисоидност, себичност и желба за материјална корист не се воздржува да манипулира со уште постоечки кутри и искрени души кои со отворено срце се уште веруваат во постоењето на искрена љубов и чесно срце.Да почитувани се шминкаат лица,се филуваат зборови како торти од пет ката со панделки од разни злата ,а внатре се празни без никаква вредност права.
    Кога сте млади и ви се поткрадне ставање на некоја ваква маска и не сте сосема свесни за таквата своја постапка можеби може да се најде оправдување во вашата младост но кога животот сте го отвориле со двете поли од неговата врата тогаш вие сте свесен актер на балот под маска.За некои тоа е тоа, животот е таков, маски на лице маски во срце и така ден за ден каде веќе се губи линијата меѓу вистината и реалноста.Но еден ден балот завршува ,завесата полека се спушта а ноќта почнува да се раѓа и тогаш…тогаш секоја маска паѓа.,останувате вие, само вие голи до сржта на вашата душа.Сепак едно е вистинито можеби и пак ќе кажам можеби на многу нешта може да се стави маска но на срцет сигурно не.Кога и да е тоа ќе го покаже вашето вистинско лице .И како што во песната се вели маската паѓа но заради таквиот лик солза не се раѓа туку нов ден се раѓа….
    ***

Остави коментар