Инспиративни мисли од Коко Шанел

Инспиративни мисли од Коко Шанел

Коко Шанел била француска дизајнерка, најпозната по своите безвремени и едноставни дизајни. Нејзините креации го вклучуваат и парфемот „Chanel No 5“ како и „малиот црн фустан“. Таа била прогласена за една од 100-те највлијателни луѓе во 20-от век според магазинот Тајм и мораме да признаеме дека оваа иконска француска модна дизајнерка има многу да каже за животот. Погледнете ја нареднава колекција од нејзините најинспиративни цитати.

Инспиративни мисли од Коко Шанел

„Доколку сте родени без крилја, не правете ништо со што би ги спречиле да ви пораснат“.

„Животот не ме задоволуваше, па затоа си создадов мој живот“.

„И најголемата љубов мора да се издржи“.

„За да бидеш незаменлив, мора да бидеш различен“.

„Колку грижи губи една личност кога ќе одлучи да не биде нешто, туку некој…“

Инспиративни мисли од Коко Шанел

„Кога веќе сè ни е во главите, подобро да не ги изгубиме“.

„Најхраброто дело е да продолжиш да размислуваш за себе. На глас“.

„Постојат луѓе кои имаат пари и луѓе кои се богати“.

„Жената има онолку години колку што заслужува“.

„Една девојка треба да биде две нешта: елегантна и неверојатна“.

Инспиративни мисли од Коко Шанел

„Ќе живеете само еднаш, па затоа гледајте да бидете забавни“.

„Не губете време удирајќи се во ѕид со надеж дека ќе го трансформирате во врата“.

„Барајте ја жената во фустан. Ако нема жена, нема да има ни фустан“.

„Можете да бидете прекрасни во триесеттите, шармантни во четириесеттите и неодоливи до крајот на вашиот живот“.

„Сè додека знаете дека мажите се како деца, знаете сè!“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар