Кога ќе помислите на модна икона, со сигурност ќе ви текне на едно име – Коко Шанел. После речиси 100 години откако е креиран, нејзиниот парфем и денес е еден од најпопуларните. Иако многумина знаат многу за нејзиниот живот и патот до славата, еве неколку интересни факти поврзани со Коко Шанел кои можеби не сте ги знаеле.
rn
Нејзиното вистинско име е Габриел
rnРодена е како Gabrielle Bonheur Chanel, но го добила прекарот Коко според една од нејзините песни. И покрај тоа што прекарот го добила додека се занимавала со музичка кариера, таа останува препознатлива по тој прекар и во текот на нејзината модна кариера.rnrn
Таа направила исончаниот тен да биде популарен
rnВо тоа време белиот тен се сметал за женствен и елегантен, секако, тоа го променила токму Коко. Таа била доста популарна во Париз, па по враќањето од едно нејзино патување во Кан, жените посакале да го имаат нејзиниот исончан тен. Така тенот станал популарен.rnrn
Нејзиниот дом секогаш мирисал на Шанел 5
rnСтанува збор за еден од најпопуларните парфеми на сите времиња, а очигледно уште тогаш Коко била многу горда на својот успех. Таа уживала да го прска нејзиниот дом со Шанел 5, што само докажува колку сакала да биде опкружена со елеганција и префинетост.
rn
Ја започнала својата кариера како дизајнер на шапки
rnЗапочнала со мало производство, продавајќи им шапки на пријателите. Но, нејзиниот бизнис за брзо се проширил, вклучувајќи линија со облека. Оној кој најмногу ја поддржал во отворањето на првиот бутик за шапки, бил нејзиниот љубовник Артур Капел. Па од негде мора да се започне, нели?rnrn
Нејзиниот омилен број бил 5
rnОчекувано, зарем не? Не само што го крстила парфемот Шанел број 5, туку истиот за првпат бил пуштен во продажба на 05.05.1922 година. Друг интересен факт поврзан со парфемот е дизајнот на шишето. Таа се противела на гломазните и екстравагантни опаковки на парфеми, па се одлучила за едноставно шише, тврдејќи дека луѓето треба да се сконцентрираат на она што е во шишенцето. Мислам дека сите со сигурност би можеле да кажеме дека воопшто не погрешила.rnrn
Таа направила вистинска револуција во женската мода
rnЖените во тоа време носеле многу неудобна облека, како што биле корсетите, а како аксесоари носеле нападен накит. Коко го променила тоа креирајќи поудобна и функционална облека. Го креирала познатиот женски костим кој бил едноставен и лесно ги изразувал позитивните страни на женската фигура, без да ги приморува жените да носат неудобни корсети за да го сокријат стомакот. Исто така, таа му донела слава на обичниот и едноставен накит, а да не заборавиме дека токму нејзина е заслугата за славата на малиот црн фустан. Кога зборуваме за модна револуција и уникатни идеи за пресврт во модата, мислиме на Коко Шанел!
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
