Генетско истражување докажало дека Абориџините потекнуваат од луѓе кои мигрирале во Австралија пред околу 58.000 години. Ова е прв пат да се спроведе генетско истражување од овој вид. Резултатите се навистина неверојатни бидејќи покажуваат дека овие предци ја сочинуваат најстарата позната култура во светот.rnrn
rnrnИстражувањето било спроведено во Универзитетот Кембриџ под надзор на професор Еске Вилерслев. Дел од тимот биле и старешините од племињата на Абориџините во Австралија. Било направено генетско секвенцирање на гените на домородните Австралијанци и на поголем број од жителите на Нова Гвинеја. Претходно истото истражување било спроведено само со тројца испитаници. Испитаниците во новото истражување потекнувале од многу различни места, некои на значително голема оддалеченост.rnrnПретходно експертите се прашувале дали поновите генерации на домородните заедници потекнуваат од првите луѓе кои живееле во Австралија. Сега нивните теории се потврдени. Како едно од најдеталните истражувања, резултатите докажале дека сите ние потекуваме од истата група предци кои мигрирале од Африка.rnrnОваа миграција се случила во Австралија кога предците на Абориџините и жителите на Нова Гвинеја се преселиле пред околу 70.000 години. Околу 14.000 години подоцна тие се одделиле од групата и веројатно биле првите луѓе кои поминале голема водна површина како океан. Групата завршила во Сахул, површина на која денес се наоѓаат Тасманија, Австралија и Нова Гвинеја. Сепак, оваа поделба се случила 50.000 години подоцна.rnrnСпоред истражувањето, Австралија има долга историја со луѓе и од овде потекнуваат многу прашања за нивното потекло, нивните врски со различното население и нивното прилагодување. Истражувањето исто така покажало дека Австралијанците имаат исти белези на нивната ДНК како и луѓето од Европа и Азија, што покажува дека сите овие луѓе потекнуваат од ист предок.rnrnРезултатите исто така покажуваат дека домородните заедници од Австралија се таму толку долго што нивните тела се прилагодени на опкружувањето. Разни групи се прилагодиле на климата во разни региони. Австралија се разликува и по тоа што овие племиња имале многу малку контакт едни меѓу други, па генетски се навистина различни. На пример оние кои живеат во пустините на Австралија каде што ноќните температури се под нулата можат да се прилагодат на студот без никаква промена во нивниот метаболизам. Луѓето од Европа сè уште не го постигнале ова.rnrnНиз минатиот век почнала да им се дава поголема важност на домородните култури и истории. Ова истражување само го зацврстува мислењето дека домородните племиња кријат уште многу нешта што треба да ги дознаеме. Дури и луѓето кои моментално живеат во Австралија пристигнале овде неодамна и ја презеле територијата што ѝ припаѓа на една од најдревните култури во светот.rnrnПогледнете како изгледал животот во првата цивилизација.
ДНК тестирањата покажале дека Абориџините од Австралија ја имаат најдревната култура во светот
