Првиот филм снимен само од мачки!?
Во август годинава, Фрискис одбрале 25 мачки и им ја дале привилегијата да си направат сами свој филм, за што најпрво им наместиле минијатурни HD камери околу вратот. Со тоа, мачките си го документирале целиот свој стил на живеење во рок од 5 дена. После тие 5 дена од снимениот „мачкин“ материјал, со кратка пост-обработка, се родил „Мачкини дневници“, првиот филм комплетно снимен од мачки. Навистина уникатен поглед на тоа како една мачка го гледа и истражува светот околу неа.
Фрискис сакале да го споделат магичниот свет на мачките од сосема поинаков агол. А згора на сè, со ова кратко и креативно видео сакале да придонесат во запознавањето со уникатните особини и перспективи на мачките. Ние мислиме дека целосно успеале во тоа, а вие?
Погледнете го филмот, па проценете сами:
.