КАФЕ ПАУЗА

4 причини за да јадете путер од кикиритки

4 причини за да јадете путер од кикиритки

Путерот од кикирики не се употребува многу во исхраната кај нас, но има многу причини за веднаш да го внесете во вашето мени.rnrn4 причини за да јадете путер од кикириткиrn

Ги гради и обновува мускулите

rnСамо две големи лажици путер од кикирики содржат вкупно 7 грама протеини, исто колку и едно јајце. Помага во изградбата на мускулите, како и во нивната обнова после напорните физички активности.rn

Го намалува гладот

rnИстата количина на путер од кикирики содржи само 2 грама диетални влакна, кои не се многу, но во комбинација со протеините можат подолго да ве одржат сити. Исто така, помагаат за подобра апсорпција на останатите диетални влакна внесени во истиот оброк. Затоа е доста добар избор ако ви се јаде пред да легнете да спиете.rnrn4 причини за да јадете путер од кикириткиrn

Намален ризик од срцеви заболувања

rnЗаситените и незаситените масти во путерот од кикирики се во ист сооднос како и маслиновото масло. Тоа се здрави маснотии кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и дијабетес.rn

Други здравствени придобивки

rnПутерот од кикирики е богат со Б и Е витамини, а од минералите содржи калиум, магнезиум, цинк, фосфор, калциум и бакар. Овие состојки придонесуваат пред сè за подобра работа на мускулите, нивна обнова, поздрави заби и коски, како и посилни нерви.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.