КАФЕ ПАУЗА

Како да бидете пофотогенични?

Како да бидете пофотогенични

Според статистиките, на секоја секунда во светот се прават по 23 милиони фотографии, а на секои две секунди на Фејсбук се прикачуваат повеќе од 600.000 слики, така што воопшто не е чудно доколку сакате да научите неколку трикови за да бидете пофотогенични. Како и многу други работи во животот така и позирањето е талент кој може да се подобрува и усовршува.rnrnКако да бидете пофотогеничниrn

Грижете се за кожата и лицето

rnВашата прва одбрана од лоши фотографии е чистата и жива кожа. Мијте го редовно лицето и користите лосиони и хидратантни креми за да го освежите, но и за ги исчистите затнатите пори. Машките кои имаат брада пожелно е секогаш да внимаваат таа да е уредена и еднаква од двете страни на лицето.rnrnКако да бидете пофотогеничниrn

Одберете ја вистинската облека

rnВелат дека облеката го прави човекот. Посветете повеќе време при изборот на гардеробата пред да излезете надвор. Усогласете ги боите и дезените за да бидете сигурни дека тие ќе изгледаат одлично пред апаратот, притоа имајќи предвид дека големите и воочливи шари ќе ве засенат. Ова не значи дека секогаш треба да ги носите вашите најскапи парчиња облека за да изгледате добро, туку да искомбинирате парчиња облека кои навистина ќе одговараат на вашиот стил. Почнете да носите бои кои одговараат на вашата кожа (за мажи, за жени) и избегнувајте риги кои ќе му додаваат широчина на вашето тело. Клучно е да изгледате спокојно и смирено во она што го носите. Не само што облеката ќе изгледа одлично на вас, вие ќе изгледате посамоуверени на фотографиите.rnrnКако да бидете пофотогеничниrn

Најдете ја вашата омилена фотографија

rnЕве ви шанса малку да си ја истакнете суетата. Пребарајте нив вашите албуми и најдете ја онаа фотографија која ја сметате за ваша најдобра. Доколку не можете да се одлучите на која слика изгледате најзгодно и најубаво, побарајте друго лице да ја изврши задачата како непристрасен судија. Откако ќе ја најдете вашата омилена фотографија, добро проучете ги сите елементи и позиционирањето на вашето тело, запаметете ги и секогаш имајте ги на ум.rnrnКако да бидете пофотогеничниrn

Вежбајте ја вашата поза

rnДоколку во претходниот чекор не сте успеале да ја најдете вашата омилена фотографија, тогаш преминете на вежбање на класичната моделска поза. Класичната моделска поза бара од вас да го позиционирате вашето тело закосено од камерата прикажувајќи 3/4 од него, со едната нога понапред и едното рамо поблиску до апаратот од другото. Ова е многу полесно за девојките бидејќи тие имаат тенденција тоа да го прават природно, додека мажите си имаат потешкотии, поставувајќи се централно исправени пред апаратот. Исто така, можете благо да ја завртите главата на страна и да гледате право напред. Оној кој ќе ја погледне фотографијата ќе добие чувство дека вашиот поглед е вперен кон него, без разлика на аголот на гледање.rnrnКако да бидете пофотогеничниrn

Смејте се

rnВизуелизирајте се себеси како успевате. Верувале или не, оваа реченица навистина помага за да направите една фотогенична насмевка. Основната идеја е да се направи природна насмевка преку обземање од позитивни мисли. Позитивната мисла ќе се отслика и во вашите очи.rnrnКако да бидете пофотогеничниrnrnДа се сметате за фотогенична личност во голема мера се поистоветува со тоа да бидете опуштени и да се чувствувате слободно пред апаратот. Среќата навистина се пренесува од моментот на фотографијата.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.